Дизелот поскапува за 3, а бензинот за 2 денари

Bez autora
May 30 2016

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на дизелот поскапуваат за 3 денари, а на бензинот за 2 денари. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2 денари за литар во однос на цените утврдени со Одлуката од 16.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66 денари за литар.

Дизелот поскапува за 3, а бензинот за 2 денариСо одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на дизелот поскапуваат за 3 денари, а на бензинот за 2 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 16.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 16.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,419 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.05.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 20,883 ден/кг.

Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,98%, односно за 5,64% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 16.05.2016 година.

Просечната цена на сирова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 48,659 $/барел и е за 8,82 % повисока од просечната цена на сурова нафта (44,715 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 54,8340 ден/$ и е за 1,741% повисок од курсот на доларот (53,8956 ден/$) по кој беа формирани цените.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik