„Кожувчанка“ инвестираше во систем за точење свежо пиво

Bez autora
May 31 2016

Компанијата „Кожувчанка“ инвестираше 200.000 евра во нов систем за точење пиво. Системот свежо пиво директно од Пиварница се практикува во светот, а пивото на тој начин ги задржува хранливите состојки. Компанијата, денеска, во Стопанската комора на Македонија промовираше четири нови инвестиции во иновативни производи, вредни вкупно 350.000 евра. Датумот на производството на водата „Изворска“, а наскоро и на минералната „Кожувчанка“, ќе се обележува ласерски, со што комплетно ќе се замени мастилото, кое потешко се разградува при рециклирање на пластиката.

„Кожувчанка“ инвестираше во систем за точење свежо пивоКомпанијата „Кожувчанка“ инвестираше 200.000 евра во нов систем за точење пиво. Системот свежо пиво директно од Пиварница се практикува во светот, а пивото на тој начин ги задржува хранливите состојки.

Компанијата, денеска, во Стопанската комора на Македонија промовираше четири нови инвестиции во иновативни производи, вредни вкупно 350.000 евра.

Датумот на производството на водата „Изворска“, а наскоро и на минералната „Кожувчанка“, ќе се обележува ласерски, со што комплетно ќе се замени мастилото, кое потешко се разградува при рециклирање на пластиката.

Инвестиција од 60.000 евра е новата амбалажа за „Синалко“ ладниот чај, а „Синалко“ газираните пијалоци Кола и Оранж од летово ќе се продаваат и во лименки од 330 милилитри.

„Кожувчанка“, е една од поголемите произведувачи на вода, која учествува со 28 отсто во вкупното производство на домашниот пазар. Изминатите четири години бележи континуиран раст од над седум проценти, а лани реализира 10 отсто од вкупниот извоз на вода, главно во Либија, Израел, Австраолија, Јордан, Ирак и Египет.

Производството на вода во 2015 година е зголемено за 25 отсто, а на сокови за четири проценти, во однос на предходната година. Вода произведуваат 26 компании со околу 1.200 вработени лица. Од нив, половината или 13 се домашни и сите нудат вкупно 24 различни брендови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik