Во Дојран летуваат 4.000 туристи

Bez autora
Jun 26 2016

Во Дојран во приватните сместувачки капацитети во моментов се сместени околу 4.000 гости, од кои поголемиот дел се од Србија. Според Силивија Ристиќ од Туристичкото биро во Дојран капацитетот на леглата кои се регистрирани и категоризирани во приватниот сектор достигнува 12.000, што значи дека засега ги задоволуваат барањата на гостите. Се очекува годинава да се надмине ланскиот рекорд кога беа реализирани преку 200.000 ноќевања во текот на летната сезона. Во деновите на викендите, пак, на дојранското крајбрежје се очекуваат меѓу 8.000 и 10.000 гости, најмногу од југоисточниот и источниот регион на Македонија, рече Ристиќ. Годинава Дојран е и град на културата. Градоначалникот Борче Стамов смета дека голем број гости ќе привлечат многуте културни, уметнички и забавни настани.

Во Дојран летуваат 4.000 туристиВо Дојран во приватните сместувачки капацитети во моментов се сместени околу 4.000 гости, од кои поголемиот дел се од Србија.

Според Силивија Ристиќ од Туристичкото биро во Дојран капацитетот на леглата кои се регистрирани и категоризирани во приватниот сектор достигнува 12.000, што значи дека засега ги задоволуваат барањата на гостите.

Се очекува годинава да се надмине ланскиот рекорд кога беа реализирани преку 200.000 ноќевања во текот на летната сезона.

„Во деновите на викендите, пак, на дојранското крајбрежје се очекуваат меѓу 8.000 и 10.000 гости, најмногу од југоисточниот и источниот регион на Македонија“, рече Ристиќ.

Годинава Дојран е и град на културата. Градоначалникот Борче Стамов смета дека голем број гости ќе привлечат многуте културни, уметнички и забавни настани.

„Во рамки на манифестацијата 'Дојран, град на културата' предвидена е богата културно-забавна програма со околу стотина различни настани меѓу кои концерти на домашни и странски ѕвезди, театарски претстави, изложби, ликовни колонии и фестивали кои исто така ќе бидат магнет за зголемена посетеност на Дојран“, рече Стамов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik