Оризарите ќе добијат субвенција и за предаден ориз

Bez autora
Jun 26 2016

Оризопроизводителите ќе добијат финансиска помош за предаден килограм арпа во преработувачки капацитет. Владата одлучи земјоделците кои имаат пријавено земјоделско земјиште до два хектари да добијат по пет денари за предаден килограм оризова арпа кај откупувачите. Земјоделците кои поседуваат од два до 10 хектари ќе добијат по четири денари за килограм предадена арпа, додека земјоделците кои поседуваат над 10 хектари земјоделско земјиште на кое одгледуваат ориз ќе добијат по три денари за килограм предадена оризова арпа кај откупувачите. За Драгољуб Гаврилов, оризопроизводител од село Чешиново, дополнителната субвенција е очекувана и ќе придонесе да се намалат резервите од ориз.

Оризарите ќе добијат субвенција и за предаден оризОризопроизводителите ќе добијат финансиска помош за предаден килограм арпа во преработувачки капацитет. Владата одлучи земјоделците кои имаат пријавено земјоделско земјиште до два хектари да добијат по пет денари за предаден килограм оризова арпа кај откупувачите.

Земјоделците кои поседуваат од два до 10 хектари ќе добијат по четири денари за килограм предадена арпа, додека земјоделците кои поседуваат над 10 хектари земјоделско земјиште на кое одгледуваат ориз ќе добијат по три денари за килограм предадена оризова арпа кај откупувачите.

За Драгољуб Гаврилов, оризопроизводител од село Чешиново, дополнителната субвенција е очекувана и ќе придонесе да се намалат резервите од ориз.

Оваа мерка, според заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, ќе важи од 1 до 31 јули, а земјоделците потврдите за откупена арпа ќе можат да ги пријават во подрачните единици на Министерството најдоцна до 31 август за да добијат субвенција.

Костадиновски информира дека од реколтата 2015 се откупени 12.000 тони ориз од кои 3.500 тони се' уште се во магацините на откупувачите. Во амбарите на оризопроизводителите се наоѓаат од 8.000 до 10.000 тони ориз кој чека откуп

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik