КХВ одобри „Инвест брокер“ да врши три нови услуги

Bez autora
Jun 29 2016

Комисијата за хартии од вредност вчера и' даде согласност на брокерската куќа „Инвест брокер“ да ја прошири дозволата за работење со хартии од вредност со три нови услуги. „Инвест брокер“ ќе може да врши прием и пренос на налози за купување и за продавање хартии од вредност на странски пазари, со што ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза.

КХВ одобри „Инвест брокер“ да врши три нови услугиКомисијата за хартии од вредност вчера и' даде согласност на брокерската куќа „Инвест брокер“ да ја прошири дозволата за работење со хартии од вредност со три нови услуги.

„Инвест брокер“ ќе може да врши прием и пренос на налози за купување и за продавање хартии од вредност на странски пазари, со што ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза.

Тоа значи дека девет од десетте членки на Македонската берза ги исполнија условите за да учествуваат на регионалната платформа СЕЕ Линк, истакнуваат од Комисијата за хартии од вредност.

Воедно, „Инвест брокер“ ќе може да чува хартии од вредност, што вклучува отворање и водење сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот, како и да врши дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik