„Ериксон“ ќе ја одржува мрежната инфраструктура на „Македонски телеком“

Bez autora
Jun 30 2016

„Македонски телеком“ го избра „Ериксон“ за партнер за управувани услуги во Македонија. „Ериксон“ ќе ја преземе одговорноста за мрежните активности, активностите за поддршка, теренските активности и пасивните мрежи, како и услугите за одржување на инфраструктурата за фиксните и мобилните мрежи на „Македонски телеком“. Според договорот, почнувајќи од јули 2016 година, вработените на „Македонски телеком“ коишто работат во оваа област ќе продолжат да ги извршуваат своите задачи во светски познатата компанија „Ериксон“. Партнерството со ’Ериксон‘, компанија која има глобално искуство и докажана експертиза за одржување комплексни телекомуникациски мрежи, ќе ни овозможи уште повеќе да се фокусираме на нашите корисници.

„Ериксон“ ќе ја одржува мрежната инфраструктура на „Македонски телеком“„Македонски телеком“ го избра „Ериксон“ за партнер за управувани услуги во Македонија. „Ериксон“ ќе ја преземе одговорноста за мрежните активности, активностите за поддршка, теренските активности и пасивните мрежи, како и услугите за одржување на инфраструктурата за фиксните и мобилните мрежи на „Македонски телеком“.

Според договорот, почнувајќи од јули 2016 година, вработените на „Македонски телеком“ коишто работат во оваа област ќе продолжат да ги извршуваат своите задачи во светски познатата компанија „Ериксон“.

„Партнерството со ’Ериксон‘, компанија која има глобално искуство и докажана експертиза за одржување комплексни телекомуникациски мрежи, ќе ни овозможи уште повеќе да се фокусираме на нашите корисници. Сигурен сум дека ќе го задржиме епитетот ’најдобра мрежа‘ со партнер кој е светски лидер во оваа област и ќе работиме поефикасно и поконкурентно за да овозможиме најдобро корисничко искуство“, изјави Андреас Маиерхофер, главен извршен директор на „Македонски телеком“.

„Ериксон“ е партнер и голем добавувач на комуникациски решенија за „Македонски телеком“ повеќе од 20 години. Договорите за управувани услуги со „Ериксон“ им овозможуваат на операторите да обезбедат одржлива диференцијација на нивниот бизнис.

Компанијата применува диференцирани модели за ангажирање и го користи локалното знаење стекнато од над 66.000 професионалци за обезбедување услуги коишто работат во 180 земји низ целиот свет за да се приспособи на посебните барања на секој свој корисник.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik