Компанијата Еуромакс Ресоурцес за првпат котира на Берзата во Торонто

Bez autora
Jul 24 2016

Компанијата Еуромакс Ресоурцес чие седиште е во Скопје, Република Македонија, од денес и официјално котира на Берзата во Торонто. Берзата за хартии од вредност во Торонто е една од најзначајните светски финансиски берзи каде што се присутни најголемите светски корпорации кои се заинтересирани за вложување во развојни проекти од целиот свет. Навистина сме горди што преку нашата компанија придонесовме за прв пат и Македонија да се најде на светските берзи. Овој чин е од големо значење за Еуромах, но истовремено и од исклучително значење за Македонија, бидејќи ова е и промоција на земјата како поволно и сигурно место за инвестирање пред светската инвеститорска јавност.

Компанијата Еуромакс Ресоурцес за првпат котира на Берзата во ТоронтоКомпанијата Еуромакс Ресоурцес чие седиште е во Скопје, Република Македонија, од денес и официјално котира на Берзата во Торонто.

Берзата за хартии од вредност во Торонто е една од најзначајните светски финансиски берзи каде што се присутни најголемите светски корпорации кои се заинтересирани за вложување во развојни проекти од целиот свет.

„Навистина сме горди што преку нашата компанија придонесовме за прв пат и Македонија да се најде на светските берзи. Овој чин е од големо значење за Еуромах, но истовремено и од исклучително значење за Македонија, бидејќи ова е и промоција на земјата како поволно и сигурно место за инвестирање пред светската инвеститорска јавност. Реализацијата на проектот за рудникот за бакар и злато во Македонија ќе значи дополнителна промоција на Македонија како потенцијална дестинација за инвестирање“, истакна Стив Шарп претседател и главен извршен директор на Еуромакс Ресоурцес.  

Првото официјално котирање на компанија со седиште во Скопје, Република Македонија Берзата во Торонто ќе го одбележи со мала свеченост на која, покрај претседателот  и главен извршен директор на Еуромакс, Стив Шарп ќе присуствува и финансискиот директор Варшан Гокул, техничкиот директор Патрик Форвард и Рајмонд Трелкед, неизвршен член во Бордот на директори.

Исто така, ќе присуствува и амбасадорот на Република Македонија во Канада Тони Димовски, амбасадорот на Канада за Македонија и Србија Филип Пинингтон, генералниот конзул на Македонија во Торонто Јовица Палашевски и почесниот конзул на Македонија во Торонто Јордан Битов.

Покрај официјалниот претставник на Македонија, на свеченоста ќе присуствуваат и високи претставници на „Македонија 2025“, меѓу кои Мајк Зафировски, Џон Битов, Сузан Ничовски и Петар Симеон. На свеченоста ќе бидат присутни и претставници на мултинационални компании од светот.

Еуромакс во Македонија инвестира во развој на проектот за бакар и злато во селата Иловица и Штука, во општините Босилово и Ново Село. Рудникот за бакар и злато е најголема грин-филд инвестиција во Македонија, во чија реализација ќе бидат вложени околу 500 милиони долари.

Покрај Еуромакс, во проектот учествува и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) со удел од 20%. Проектот е поддржан и од Германскиот гарантен фонд (UFK = Garantien für Ungebundene Finanzkredite) кој даде заем од 240 милиони евра за финансирање на проектот во следните 12 години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik