„Имиџ ПР“ ја доби наградата „Голден ворлд аворд“

Bez autora
Jul 24 2016

Меѓународната организација за односи со јавност - ИПРА и' додели награда „Голден ворлд аворд“ на агенцијата за комуникациски менаџмент и односи со јавност, „Имиџ ПР“, за кампањата „Енергетска математика“, која е реализирана за ЕВН Македонија. „Голден ворлд аворд“ е прва престижна награда што ја добива агенција од Македонија, а годинава ова е единствена висока награда доделена во регионот. Наградата е добиена во конкуренција на повеќе проекти од целиот свет, а „Имиџ ПР“ ја доби во категоријата „Односи со заедницата“. Формалното доделување на наградите ќе се одржи во ноември во Доха, Катар.

„Имиџ ПР“ ја доби наградата „Голден ворлд аворд“Меѓународната организација за односи со јавност - ИПРА и' додели награда „Голден ворлд аворд“ на агенцијата за комуникациски менаџмент и односи со јавност, „Имиџ ПР“, за кампањата „Енергетска математика“, која е реализирана за ЕВН Македонија.

„Голден ворлд аворд“ е прва престижна награда што ја добива агенција од Македонија, а годинава ова е единствена висока награда доделена во регионот.

Наградата е добиена во конкуренција на повеќе проекти од целиот свет, а „Имиџ ПР“ ја доби во категоријата „Односи со заедницата“. Формалното доделување на наградите ќе се одржи во ноември во Доха, Катар.

„Како една од првите агенции за односи со јавност на македонскиот пазар, ова за нас претставува огромна потврда дека досегашните напори да воспоставиме високи стандарди во професијата се оправдани. Тоа не' позиционира на светската карта, не само како агенција, туку и како земја. Докажавме дека сме конкурентни и на светско ниво што е огромен успех“, истакна Ангелка Пеева-Лауренчиќ, директор на „Имиџ ПР“.

„Енергетска математика“ е дел од Платформата за енергетска ефикасност што ЕВН Македонија ја спроведува од 2012 година заедно со Министерството за економија и Агенцијата за енергетика, а чија цел е поголема примена на енергетската ефикасност во сите сегменти од современото работење и живеење.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik