Нови вработувања во индустриските зони

Bez autora
Aug 21 2016

Нови 1.300 до 1.400 вработувања се очекуваат да се отворат во технолошко-индустриските развојни зони до крајот на годината. Премиерот и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, ја посетија ТИРЗ Бунарџик, каде што Мизо информираше дека во моментот има преговори со седум до осум компании и оти очекува две до три компании да донесат позитивни одлуки за инвестирање до крајот на годината. Заклучно со минатата година во технолошко-индустриските зони се отворени 5.100 работни места, а само годинава се креирани 1.050 работни места. Зоните во Република Македонија имаат силен ефект врз економијата, особено во делот на отворањето нови работни места и во делот на извозот“, изјави Димитриев. Тој ги посети фабриката „Хајтек“ и втората фабрика на „Ван хол“.

Нови вработувања во индустриските зониНови 1.300 до 1.400 вработувања се очекуваат да се отворат во технолошко-индустриските развојни зони до крајот на годината.

Премиерот Емил Димитриев и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо, денеска ја посетија ТИРЗ Бунарџик, каде што Мизо информираше дека во моментот има преговори со седум до осум компании и оти очекува две до три компании да донесат позитивни одлуки за инвестирање до крајот на годината.

Заклучно со минатата година во технолошко-индустриските зони се отворени 5.100 работни места, а само годинава се креирани 1.050 работни места.

„Зоните во Република Македонија имаат силен ефект врз економијата, особено во делот на отворањето нови работни места и во делот на извозот“, изјави Димитриев.

Тој ги посети фабриката „Хајтек“ и втората фабрика на „Ван хол“. Раководството од македонската компанија „Хајтек“ планира до крајот на годината да заврши со градењето на фабриката и во почетокот да вработи 100-ина лица, а потоа според планот да се вработат вкупно 300 лица.

Компанијата „Ван хол“, пак, која го гради вториот свој капацитет во Македонија ќе инвестира 15 милиони евра и планира да се отвори 400 директни работни места.

Со оваа странска инвестиција ќе бидат отворени дополнителни 100 индиректни вработувања преку компанијата „Актива“, која работи со „Ван хол“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik