Расте бројот на патници што поминале на двата аеродроми во Македонија

Bez autora
Aug 24 2016

Трендот на раст на бројот на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија продолжува, соопштуваат од министерството за транспорт и врски. Од месец јануари заклучно со месец јули 2016-та година, од двата аеродрома во Република Македонија, аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид споредено со 2015-та година бројката на превезени патници е зголемена за 22,5 отсто, односно превезени се 1.008.435 патници.

Расте бројот на патници што поминале на двата аеродроми во МакедонијаТрендот на раст на бројот на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија продолжува, соопштуваат од министерството за транспорт и врски.

Од месец јануари заклучно со месец јули 2016-та година, од двата аеродрома во Република Македонија, аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид споредено со 2015-та година бројката на превезени патници е зголемена за 22,5 отсто, односно превезени се 1.008.435 патници.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во периодот од јануари до јули 2016-та година регистрирани се вкупно 933.130 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 775 177 патници, се забележува зголемување од 20,4 проценти.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за периодот од јануари заклучно со јули 2016-та година, превезени се 75.305 патници или зголемување од 55,9 отсто.

Согласно реализацијата на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за овој период се Минхен, Келн, Рим, Гетеборг, Љубљана и Франкфурт.

Рекордниот број на превезени патници во овој период како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија, додаваат од министерството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik