"Макпрогрес" со нова линија за производство на наполитанки и вафли

Bez autora
Aug 25 2016

Компанија „Макпрогрес“ - Виница заврши со монтажа и подготовка за пуштање во употреба нова линија за производство на наполитанки и вафли од брендот „винчини“, инвестиција вредна 1,5 милиони евра. Инвестиција обезбедува нови 30 вработувања и зголемување на извозните капацитети на компанијата. Со своите континуирани инвестиции и висока стапка на раст, ’Макпрогрес‘ го потврдува својот епитет на една од најголемите прехранбени индустрии во Македонија и една од најуспешните извозноориентирани компании, чии производи се продаваат на пазарите во над 50 држави во светот, велат од оваа компанија.

"Макпрогрес" со нова линија за производство на наполитанки и вафлиКомпанија „Макпрогрес“ - Виница заврши со монтажа и подготовка за пуштање во употреба нова линија за производство на наполитанки и вафли од брендот „винчини“, инвестиција вредна 1,5 милиони евра.

Инвестиција обезбедува нови 30 вработувања и зголемување на извозните капацитети на компанијата.

„Со своите континуирани инвестиции и висока стапка на раст, ’Макпрогрес‘ го потврдува својот епитет на една од најголемите прехранбени индустрии во Македонија и една од најуспешните извозноориентирани компании, чии производи се продаваат на пазарите во над 50 држави во светот“, велат од оваа компанија.

Од таму додаваат дека „Макпрогрес“ е еден од двигателите на македонската економија, компанија која придонесува кон севкупниот развој на домашната економија, вистински пример за останатите дека дури и во услови на криза може да се остварува амбициозна цел – до 2020 година да го зголеми производниот капацитет двојно од оној во 2014.

„Токму интересот и побарувачката за производите на ’винчини‘ надвор од границите на Македонија, беа мотив за компанијата да го прошири производството и да инвестира во нова технологија“, велат од „Макпрогрес“.

Со новата инвестиција компанијата очекува да ја достигне бројката од близу 600 вработени и со тоа претставува најголем работодавец од прехранбената индустрија во источниот дел на Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik