Стопанска банка Скопје со профит од 20 милиони евра во првото полугодие

Bez autora
Aug 28 2016

Добивка од близу 20 милиони евра прикажа Стопанска банка Скопје во првото полугодие од годинава. Со овој резултат таа изби на лидерско место според профитабилноста во банкарскиот сектор на земјава. Најновиот финансиски извештај објавен завчера попладнето на Берзата, покажува натамошен раст на профитот на банката. Неревидираниот биланс на успех говори дека Стопанска банка Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка од 19,78 милиони евра, што е раст за повеќе од 10 проценти во однос на истиот период минатата година, кога профитот изнесуваше 17,98 милиони евра.

Стопанска банка Скопје со профит од 20 милиони евра во првото полугодиеДобивка од близу 20 милиони евра прикажа Стопанска банка Скопје во првото полугодие од годинава. Со овој резултат таа изби на лидерско место според профитабилноста во банкарскиот сектор на земјава.

Најновиот финансиски извештај објавен завчера попладнето на Берзата, покажува натамошен раст на профитот на банката.

Неревидираниот биланс на успех говори дека Стопанска банка Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка од 19,78 милиони евра, што е раст за повеќе од 10 проценти во однос на истиот период минатата година, кога профитот изнесуваше 17,98 милиони евра.

Во своето образложение на финансиските извештаи, од Стопанска велат дека во периодот од шесте месеци банката работела во согласност со усвоената Деловна политика, приспособувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата.

„Континуираната профитабилност е резултат на приспособувањето на бизнис- моделот, кој се фокусира на балансиран раст, рационализација на трошоците за финансирање, ефективното рационализирање на трошоците и управување со ризиците, што посебно влијаеше и на оперативната добивка, но и на одржување на нивото на нефункционални кредити под просекот на банкарскиот сектор, што дополнително придонесе за намалување на трошоците за резервации“, велат од Стопанска банка Скопје.

Во првите шест месеци Банката остварила нето-приходи од камата од 28,7 милиони евра, кои се повисоки за 5,9 отсто споредено со истиот период лани. Нето- приходите од провизии и надомести се пониски за 2,4 отсто, од причина што, како што објаснуваат од банката, расходите за провизии се повисоки за 14,7 отсто, главно поради зголемен обем на работа кај картичното работење, како и зголемени трошоци за работа со готовина.

Нето-приходите од курсни разлики се повисоки за 51,4 отсто, додека останатите приходи од дејноста пораснале за 26,6 проценти.

Во првото полугодие биле издвоени исправки на вредноста на финансиски средства на нето-основа 4,3 милиони евра, повисока за 5,4 отсто споредено со истиот период од претходната година, што соодветствува на структурата и на квалитетот на пласманите на банката.

„Стопанска банка Скопје продолжува да биде лидер во банкарскиот сектор, остварувајќи највисок профит, а во исто време обезбедувајќи силна капитална и ликвидносна позиција“, објаснуваат од оваа банка.

Со објавувањето на финансискиот резултат на Стопанска банка Скопје всушност стануваат познати профитите на сите банки од големата четворка во земјава. Таа во првото полугодие остварила вкупна добивка од 37,6 милиони евра, што е солиден раст на нивниот профит оваа година.

Ако се погледнат билансите на банките, НЛБ банка прикажа профит од 9,3 милиони евра во првото полугодие, Комерцијална банка има добивка од 3,3 милиони евра, а Охридска, пак, имала профит од 4,2 милиони евра. Вкупно, пак, во првото полугодие од годинава домашните банки прикажале вкупен профит од близу 46,5 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik