Се купуваат акции, цената на „Макпетрол“ оди нагоре

Bez autora
Aug 28 2016

Во исчекување на одговорот на Комисијата за хартии од вредност за тоа дали ќе ја прифати понудата за преземање на „Макпетрол“ од лондонската компанија со руски газди „Балкан петролеум лимитед“, на берзата деновиве повторно бранувања со акциите на „Макпетрол“. Нивната цена и натаму расте, а она што е интересно е дека во последниве два дена се тргува со големи количини акции, што значи дека во очи одлуката на КХВ, некој продолжува да купува од акциите на нафтениот дистрибутер. Па така, во четвртокот беа продадени дури 146 акции од нафтената компанија, по просечна цена од 24.676 денари за акција. Додека, пак, вчера цената продолжи да расте, достигнувајќи 25.000 денари, а количината на истргувани акции беше нешто пониска, односно 62 акции, што сепак е значајна бројка.

Се купуваат акции, цената на „Макпетрол“ оди нагореВо исчекување на одговорот на Комисијата за хартии од вредност за тоа дали ќе ја прифати понудата за преземање на „Макпетрол“ од лондонската компанија со руски газди „Балкан петролеум лимитед“, на берзата деновиве повторно бранувања со акциите на „Макпетрол“.

Нивната цена и натаму расте, а она што е интересно е дека во последниве два дена се тргува со големи количини акции, што значи дека во очи одлуката на КХВ, некој продолжува да купува од акциите на нафтениот дистрибутер.

Па така, во четвртокот беа продадени дури 146 акции од нафтената компанија, по просечна цена од 24.676 денари за акција. Додека, пак, вчера цената продолжи да расте, достигнувајќи 25.000 денари, а количината на истргувани акции беше нешто пониска, односно 62 акции, што сепак е значајна бројка.

Кој купува акции од „Макпетрол“ засега нема официјална информација, а тоа не може да се види засега ниту од Централниот депозитар за хартии од вредност, кој објавува податоци за акционерите кои во една компанија поседуваат над пет отсто од капиталот.

Според последната објавена состојба од понеделникот, командитното друштво „Оилко“ и натаму останува најголем и единствен акционер со капитал од над пет отсто, и го поседува истиот процент како и претходно, 22,27 отсто од акциите.

Дали има некакви новини треба да се види в понеделник идната недела, кога се регистрираат евентуалните промени во сопственичката структура на компаниите.

Инаку, цената од 25.000 денари за акција веќе е многу блиску до цената која на сите акционери им ја нуди „Балкан петролеум лимитед“, односно 25.908 денари за акција, што, пак, би значело дека за сите акции на компанијата вкупно се нудат околу 47 милиони евра.

На стартот на јуни кога „Балкан петролеум“ ја објави намерата за преземање цената се движеше околу 18.000 денари. Пикот, односно највисоката вредност беше достигната на 12 август, и тоа 25.500 денари за акција, по што уследи намалување. Но, во последниве денови линијата на графиконот повторно оди нагоре. Најголема количина, пак, беше продадена на 1 август, и тоа 290 акции.

Во меѓувреме, Европската енергетска заедница изразила загриженост што Владата одбива да комуницира со неа околу случајот со преземањето на „Макпетрол“.

Неодамна и Комисијата за заштита на конкуренцијата на својата веб-страница објави дека примила известување за концентрација, со која „Балкан петролеум“ има намера да стекне контрола над „Макпетрол“.

Кругови кои го застапуваат „Балкан петролеум“, пак, вчера ни изјавија дека нема ништо ново, односно тие и натаму го очекуваат одговорот на Комисијата за хартии од вредност, за тоа дали ќе ја одобри понудата за преземање.

Тие велат дека лондонската компанија и натаму цврсто стои на намерата за преземање на „Макпетрол“ и дека е далеку од повлекување или откажување.

Со оглед што цената на берзата се доближува до онаа во понудата, од лондонската компанија неодамна ни изјавија дека нивната понуда засега останува на истото ниво како и претходно.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik