Макпетрол објави рекордна продажба и добивка над 109 млн денари

Bez autora
Aug 30 2016

Најголемата нафтена македонска компанија „Макпетрол“ АД Скопје го објави во вторникот својот деловен извештај за првата половина од годинава според кој остварила рекордна продажба на нафтени деривати и добивка од повеќе од 109 милиони денари. Во периодот јануари-јуни, компанијата го подобрила остварениот финансиски резултат за 370 милиони денари, ја зголемила продажбата на енергенси на мало за 12 отсто и „создаде услови за реално очекување за исплата на дивиденда и ја зголеми книговодствената вредност на акцијата“ на 515,5 евра.

Макпетрол објави рекордна продажба и добивка над 109 млн денариНајголемата нафтена македонска компанија „Макпетрол“ АД Скопје го објави во вторникот својот деловен извештај за првата половина од годинава според кој остварила рекордна продажба на нафтени деривати и добивка од повеќе од 109 милиони денари.

Во периодот јануари-јуни, компанијата го подобрила остварениот финансиски резултат за 370 милиони денари, ја зголемила продажбата на енергенси на мало за 12 отсто и „создаде услови за реално очекување за исплата на дивиденда и ја зголеми книговодствената вредност на акцијата“ на 515,5 евра.

„Со ова, компанијата го задржува континуитетот на остварена добивка, по позитивните резултати во 2015 година“, наведува во извештајот.

Во извештајниот период од 2016 година „Макпетрол“ АД Скопје прикажува добивка пред оданочување во висина од 126,6 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 109,2 милиони денари, што е 370 милиони денари подобар резултат во однос на минатата година.

Физичкиот обем на вкупната продажба на стоки и услуги на „Макпетрол“ во периодот јануари-јуни е зголемен за 16 отсто. Во првата половина од годинава компанијата остварла вкупен приход во износ од 7,46 милијарди денари. Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 7,33 милијарди денари.

Обајвениот извештај покажува дека набавната вредност на стоките со коишто тргува компанијата во посоченио период изнесувале 6,35 милијарди денари во 2016 година и учествува со приближно 85 отсто во искажаните вкупни приходи и расходи.

Тоа претставува намалување за 21 индексен поен во однос на минатата 2015 година, кога изнесувала 8,04 милијарди денари.

Основните причини за остварената добивка на „Макпетрол“ во 2016 година се, како што оценуваат во комапнијата, во прв ред сс зголемување на остварената продажба на енергенси, особено продажбата на деривати во малопродажбата, со што е зголемен и пазарниот удел на Друштвото.

Во првото полугодие од 2016 година, „Макпетрол“ успеал да оствари рекордна продажба на нафтени деривати, зголемена за 12 отсто во однос на истиот период од претходната година и тоа во висина од 108.073 тони.

Како втора причина во извештајот се наведуваат намалените расходи од камати во однос на минатата година за 22 проценти, поради продолжување на трендот на намалување на кредитната задолженост на компанијата кон банките.

Двојно зголемени приходи од камати и курсни разлики во однос на минатата година, исто така, придонеле за позитивниот извештај за првото годинешно полугодие, како и зголемени приходи од промет со другите стоки кои се нудат во придоавниците на бензинските станици на „Макпетрол“ за 16 отсто и зголемена маржа од промет со нив за 23 отсто. Намалени трошоци на суровини и други материјали за 74 отсто, исто така, се посочуваат како една од главните причини за остварента добивка.

Во однос на финансискиот резултат прикажан според принципот на ЕБИТДА, „Макпетрол“ АД Скопје прикажал добивка во висина од 284,9 милиони денари, за разлика од минатата година кога за истиот извештаен период, остварил загуба во износ од 65,6 милиони денари. Ова претставува подобрување на финансискиот резултат за 350 милиони денари, без данокот на добивка.

Билансната кредитната задолженост на Друштвото вo однос на минатата година е намалена за 393,5 милиони денари или за 19,6% додека само во извештајниот период е намалена за 174,7 милиони денари или 9,7 отсто.

Планираните вредности на физичкиот обем на реализацијата се надминати за 11 отсто, а планот на остварување на финансискиот резултат е надминат за цели 4,2 пати.

Очекувањата за претстојниот период се оптимистички, проценуваат во „Макпетрол“, бидејќи според нив прелиминарните согледувања за остварената добивка со крајот на јули укажуваат на зголемување на бруто добивката на износ од 230 до 250 милиони денари.

„Се очекува и натамошно намалување на билансната кредитна изложеност, особено поради фактот што во јули и првите 20-на дена од август, таа е намалена за дополнителни 230 милиони денари“, се заклучува во извештајот во кој воедно се наведува дека компанијата продолжува со континуираната политика на инвестиции во инфраструктурата, во пристапот кон клиентите и подобрувањето на нивното искуство на бензинските станици.

Во овој период, имено, пуштена е во работа новата бензинска станица Пинтија, а во поодмината фаза е изградбата на бензинските станица Вевчани и Ќојлија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik