South Central Ventures со прва инвестиција во Македонија

Bez autora
Aug 30 2016

Иновацискиот фонд South Central Ventures објави дека ја направил првата инвестиција во Македонија, преку вложувањето на 100 илјади евра во македонскиот стартап Letz, чиј продукт е ткн чет бот кој преку активна комуникација со корисниците им помага во извршувањето на дневните задачи. Справувањето со продуктивноста со помош на вештачка интелигенција е она што го прави Letz атрактивен продукт, и како чет бот се работи за компјутерски програм кој е направен за да ја стимулира интелигентната комуникација со корисниците и да ги мотивира да ги споделат своите дневни задачи во текстуална форма, на еден природен начин, додаваат од South Central Ventures.

South Central Ventures со прва инвестиција во МакедонијаИновацискиот фонд South Central Ventures објави дека ја направил првата инвестиција во Македонија, преку вложувањето на 100 илјади евра во македонскиот стартап Letz, чиј продукт е ткн чет бот кој преку активна комуникација со корисниците им помага во извршувањето на дневните задачи.

Справувањето со продуктивноста со помош на вештачка интелигенција е она што го прави Letz атрактивен продукт, и како чет бот се работи за компјутерски програм кој е направен за да ја стимулира интелигентната комуникација со корисниците и да ги мотивира да ги споделат своите дневни задачи во текстуална форма, на еден природен начин, додаваат од South Central Ventures.

Основачите на Letz, Нино Карас и Мартин Анчевски, млади претприемачи со искуство во компјутерското инженерство, работат на создавањето на сопствен бизнис уште од 2011-та година.

Еден од нивните проекти е и Codewell, компанија за развој на софтвер, а во 2015-та година тимот беше дел од Rockstart Web and Mobile 2015 batch, бизнис акцелератор во Амстердам, кој исто така даде поддршка при инвестирањето во новата компанија Letz.

„Letz носи нова перспектива во проблемите со персоналната продуктивност преку тоа што ја зголемува продуктивноста на корисниците, преку една суптилна и пријателска интеракција како што е четот. Добро познатата интеракцијата ќе им даде целосна поддршка на корисниците во текот на денот и ќе им овозможи зголемување на продуктивноста. Инвестицијата од South Central Ventures ќе ни помогне во завршувањето и лансирањето на продуктот во неговата финална форма и исто така ќе ни помогне да го пласираме овој продукт на глобалниот пазар“, вели коосновачот на Letz, Нино Карас.

Според South Central Ventures, инвестицијата ќе му помогне на тимот да го заврши развојот на продуктот и ќе ги зголеми напорите во неговата интернационална маркетинг презентација.

„Секогаш е возбудливо да се додаде нова инвестиција во нашето портфолио, но ова со Letz е посебно поради тоа што се работи на прва инвестиција на South Central Ventures во македонски стартап, и сигурна сум дека не е последната. Веднаш ни се допадна идејата за користењето на разговорен интерфејс во решавањето на прашањата за продуктивноста со кои се соочуваме, не само во работата туку и во секојдневиот живот. Нино и Мартин успејаа да направат одличен и ентузијастичен тим со доста знаење, и најдоа едно решние кое ги решава прашањата на природен и забавен начин. Ги здружуваме нашите сили за да им помогнеме во зголемувањето на популарноста на чет ботовите и целосно да се искористи потенцијалот на Letz“, изјави Татјана Забасу од South Central Ventures.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik