Јавниот долг да не го загрози идниот економски раст

Bez autora
Sep 22 2016

Постојната монетарна политика која обезбедува стабилен курс на денарот и ниска инфлација, генерално е добра, додека во поглед на јавниот долг, државата мора да поведе сметка тој да биде одржлив и да не го загрози идниот економски раст. Ова се дел од поентите од вчерашната дебата „Макроекономските политики во фокусот“, што ја организираше Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, инаку дел од повеќе дискусии кои ќе следуваат и во наредниот период за различни сегменти од општественото живеење - за синдикалното движење, пазарот на трудот, малите и средни претпријатија, дефицитот во ПИОМ итн. Во вчерашната дебата беа презентирани два работни документи - „Јавниот долг, состојба, предизвици и можни решенија“ и „Потребна ли е промена на монетарната стратегија“.

Јавниот долг да не го загрози идниот економски растПостојната монетарна политика која обезбедува стабилен курс на денарот и ниска инфлација, генерално е добра, додека во поглед на јавниот долг, државата мора да поведе сметка тој да биде одржлив и да не го загрози идниот економски раст.

Ова се дел од поентите од вчерашната дебата „Макроекономските политики во фокусот“, што ја организираше Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, инаку дел од повеќе дискусии кои ќе следуваат и во наредниот период за различни сегменти од општественото живеење - за синдикалното движење, пазарот на трудот, малите и средни претпријатија, дефицитот во ПИОМ итн. Во вчерашната дебата беа презентирани два работни документи - „Јавниот долг, состојба, предизвици и можни решенија“ и „Потребна ли е промена на монетарната стратегија“.

„Двете клучни тези за јавниот долг се дека тој треба да е одржлив за да овозможи стабилен и висок економски раст на подолг рок, како и дека е во Македонија недостасува фискална транспарентност“, рече универзитетскиот професор Никола Поповски. Тој рече дека јавниот долг е важна алатка на секоја влада, која овозможува усогласување на трошењата независно од приходите, но дека доколку се користи лошо, може да доведе до сериозни проблеми, како што се неликвидност, зголемување на каматните стапки, или во краен случај до банкрот на државата.

„Македонија со јавниот долг се однесува и корисно и невнимателно“, рече Поповски, укажувајќи дека долгот постојано се зголемува - во 2006 година бил 1,6 милијарди евра, а годинава, пред издавањето на еврообврзницата достигнал 4,2 милијарди евра. Истовремено, значително се зголемува и износот кој државата го плаќа на име камати - во 2008 година тој изнесувал 43 милиони евра годишно, во 2015 година достигнал 105 милиони евра, а годинава 133 милиони евра.

„Доколку се одржи на сегашно ниво, тоа значи дека за десет години би можеле само за камати да платиме 1,5 милијарди евра, што е огромен износ“, рече Поповски.

Тој се заложи мерењето на јавниот долг да се стандардизира според пресметковниот метод, како што тоа го прават повеќе земји во светот и го препорачуваат ММФ, ОЕЦД, ОН и други институции, односно во него да се прикажуваат и достасаните, а неисплатени долгови кои ги има државата подолго од 60 или 90 дена.

Според универзитетскиот професор Горан Петрески, досегашната монетарна стратегија може да добие преодна оценка, пред се' од аспект на контролата на инфлацијата и стабилноста на девизниот курс. Но, ако таа се оценува според ефектите врз други економски категории, како економскиот раст, намалување на невработеноста, трговскиот дефицит и слично, тогаш оцените не се сјајни. Иако, како што посочи, тешко дека може да се обвини монетарната политика за неуспесите на овие полиња.

„Нема идеална монетарна политика, која што важи за сите земји или за една земја во подолг временски период“, рече Петрески, препорачувајќи дека за земјата е корисно и во наредниот период да продолжи досегашната монетарна стратегија. Тој притоа не ја исклучи можноста да се премине од сегашната цел - стабилност на денарот, на таргетирање на инфлацијата, како што тоа го направиле Албанија и Србија, но треба да се има во предвид дека и таму, работите не се идеални и не ги даваат посакуваните резултати како во поглед на економскиот раст, така и за стабилноста на курсот на динарот во Србија. Според анализите, девизниот курс на денарот не е преценет, туку е реален, па дури и потценет, што значи дека тој не е кочница за извозот, рече Петрески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik