Капиталните инвестиции не влијаат исто на економијата

Bez autora
Sep 25 2016

Капиталните расходи во буџетот се една од главните теми во економската јавност и повод за постојани дебати меѓу власта и опозицијата дали се навистина високи и колку придонесуваат за економскиот развој, или се само надувана буџетска ставка која прва страда кога се прави ребаланс. Експертите, пак, спроведоа истражување колку се тие всушност ефикасни. Инаку, со предложениот буџет за идната година се предвидува фантастична сума за капитални инвестиции, 438 милиони евра. Првичните наоди на економската фела говорат дека сите капитални расходи немаат позитивен ефект врз економијата. Односно, капиталните трошења се ефикасни, но главно во секторот градежништво. Другите, или не даваат или дават многу послаб резултат.

Капиталните инвестиции не влијаат исто на економијатаКапиталните расходи во буџетот се една од главните теми во економската јавност и повод за постојани дебати меѓу власта и опозицијата дали се навистина високи и колку придонесуваат за економскиот развој, или се само надувана буџетска ставка која прва страда кога се прави ребаланс. Експертите, пак, спроведоа истражување колку се тие всушност ефикасни. Инаку, со предложениот буџет за идната година се предвидува фантастична сума за капитални инвестиции, 438 милиони евра.

Првичните наоди на економската фела говорат дека сите капитални расходи немаат позитивен ефект врз економијата. Односно, капиталните трошења се ефикасни, но главно во секторот градежништво. Другите, или не даваат или дават многу послаб резултат.

„Во рамките на проектот кој го подготвуваме во Македонската академија на науките и уметностите, поврзан со фискалните мултипликатори, анализите и истражувањата кои ги правиме покажуваат дека капиталните расходи се ефикасни, меѓутоа доминантно се ефикасни во однос на секторот градежништво, додека секторот земјоделство и другите сектори имаат многу помалку ефекти, и речиси и да ги нема. Тоа отвора нова дилема, да дискутираме дури и за ефикасноста на капиталните расходи. Како да ги преструктуираме и како да ги направиме поефикасни“, вели Борче Треновски, професор на Економскиот факултет при УКИМ.

Како што објаснува, постојат различни капитални расходи. Дел од нив, на пример во образованието, се во згради, реновирање, нова техничка опрема, нови библиотеки, но има и други капитални расходи, кои се насочени во образување на младата работна сила, иницирање на научно истражувачки проекти, дообразба на наставниот кадар. Односно, според Треновски, овие вториве нудат подобри ефекти и зголемување на капацитетот и квалитетот на образованието. А, и едните и другите се сметаат за капитални расходи.

Не е спорно дека капиталните расходи треба да растат. Но, се констатирало дека стратешките производи како дел од капиталните расходи, не само што не растат, туку се намалуваат. „Целта е и за капиталните расходи да се утврди кој дел од нив се ефикасни. Во нив има стратешки производи, но има и згради, мебел и опрема, како и други градежни објекти и слично. Можеме да видиме дека во последно време во буџетот делот за мебел и друга опрема расте во последните три-четири години. Е сега, кој дел од капиталните расходи расте? Стратешките производи благо се намалиле, и затоа треба да се направи подетална анализа“, вели Треновски.

Професорот нагласува дека не може да се негира оти растат капиталните инвестиции во последниве години. „Од 2002 година до сега, тие се зголемени. Тогаш биле 1,5 отсто од вкупните расходи, сега се веќе 10 проценти. Значи, имаме тренд на зголемување на вкупните капиталните расходи“, вели Треновски.

Но, не смее да се заборави и дека во последниве 6-7 години просечната реализација на планираните капитални расходи е околу 70 отсто. Значи, има потфрлање од 30 проценти и треба да се види зошто е тоа така, кои се тие капитални инвестиции што се одложуваат секоја година, дали се повторуваат истите проекти и слично.

Тој предлага и воведување нов систем, на мерење на перформансите и остварувањата на буџетските корисници. Пред се', дали тие ги остваруваат целите, колку ги остваруваат и во која насока.

Инаку, економистите констатирале дека ефикасноста на вкупните јавни расходи во земјава е прилично ниска. Од секој денар вложен од буџетот, во економијата се враќа помалку од една половина, и затоа е потребна реформа. Ако од вкупните расходи ги тргнеме трансферите и капиталните расходи, делот од буџетот што оди за плати и надоместоци негативно влијае врз економската активност.

Делот од буџетот за социјални расходи и пензии, го обременуваат буџетот, и често ги нарекуваат санта мраз. Не знаеме кога ќе удриме во нив, а континуирано се движиме. „Ако ги погледнете сите извештаи на СБ и ММФ, најголем ризик за Македонија, покрај буџетскиот дефицит, се и тие трансфери, бидејќи во догледно време, на среден рок, ќе почнат да претставуваат голем товар. Тука мора да имаме нова реформа, како да ги подобриме тие “, смета Треновски.

Инаку, со буџетот за следната година се предвидени за гасификација 30 милиони евра, но како заем од Дојче банка и Ерсте банка, а 1,2 милиони евра од буџетот. За железничката инфраструктура се наменети 19,3 милиони евра, дел од буџетот и дел од заеми. Потоа, 17,8 милиони евра се за подобрување на општинските услуги, проект поддржан со заем од Меѓународната банка за обнова и развој. Сума од 12,2 милиони евра се превидени за објектот зграда за Јавна администрација, Факултет за драмски уметности и Градска куќа, како и за изградба на објект за потребите на Државниот завод за ревизија. За модернизација во Министерството за одбрана се наменети 18,2 милиони а, за реформи во полицијата 8,8 милиони евра . Во здравството има 8,5 милиони евра сума наменета за нов Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, како и изградба на нова Клиничка болница во Штип.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik