Банкротирани граѓани има, закон нема

Bez autora
Sep 26 2016

Македонците живеат со сериозни финансиски проблеми, „заглавени“ со банкарски кредити, неплатени сметки... Според официјални информации, секој македонски граѓанин во просек во банка должи по околу 1.000 евра, а илјадници лица секој месец се соочуваат со блокирање на сметките поради нередовни плаќања на разни обврски. А, нередовноста најчесто е поради доцнењата во исплата на платите, останувањето без работа или ниски месечни примања кои се недоволни за покривање на основните потреби. Сепак, иако е така, за разлика од соседните и повеќе европски земји, кај нас се' уште не се размислува за реализација на идејата за донесување закон за личен банкрот, што ќе биде во интерес и на должниците и на доверителите.

Банкротирани граѓани има, закон немаМакедонците живеат со сериозни финансиски проблеми, „заглавени“ со банкарски кредити, неплатени сметки... Според официјални информации, секој македонски граѓанин во просек во банка должи по околу 1.000 евра, а илјадници лица секој месец се соочуваат со блокирање на сметките поради нередовни плаќања на разни обврски. А, нередовноста најчесто е поради доцнењата во исплата на платите, останувањето без работа или ниски месечни примања кои се недоволни за покривање на основните потреби. 

Сепак, иако е така, за разлика од соседните и повеќе европски земји, кај нас се' уште не се размислува за реализација на идејата за донесување закон за личен банкрот, што ќе биде во интерес и на должниците и на доверителите. 

Во Хрватска, на пример, од почетокот на годинава функционира Законот за стечај на потрошувачите кој овозможува вонсудско договарање за намирување на паричните обврски. Идејата се заговараше подолго време, а целта беше со личен банкрот да им се овозможи нов почеток на презадолжените илјадници граѓани.

Неполни 9 месеци од неговото спроведување, во Хрватска барања за вонсудска постапка поденеле 618 граѓани и еден занаетчија, во вкупен износ од над 272 милиони куни, или околу 37 милиони евра. Од нив, досега 229 постапки завршиле со неуспешно склучување на договор и со продолжување на судски постапки.

Од вкупниот број на иницирани постапки до 19 септември годинава, 229 завршиле со издавање на сертификати за неуспешен договор за вонсудска спогодба. Повеќето од овие потврди, 58, издадени се во Загреб, а потоа во Осиек, 28. Најмногу вонсудски постапки се поведени во Загреб - 329, па во Осиек 57, во Пула имало 38, а во Риека и во Сплит 35 и 22.

Барањето за поведување постапка за личен стечај подразбира должникот да достави список на целиот негов имот и на вкупните средства што ги должи. На досегашната листа во Хрватска има лица кои бараат поведување постапка поради долгови кон 2.594 доверители. Барање за најголемата сума во износ од 104 милиони евра е доставено во Загреб, следува Дубровник, со започнати седум постапки, а пријавениот износ на долгот е повисок од 29,2 милиони евра. 

Според Законот, вонсудска постапка може да побараат граѓани или занаетчии, или други лица, кои имаат помалку од 20 доверители, не должат повеќе од 100 илјади куни и немаат започната стечајна постапка. Вонсудската постапка трае најмногу 30 дена, а по исклучок може да се продолжи за дополнителни 30 денови. 

Според експертите, личен банкрот е инструмент со кој на должникот со финансиски проблеми му се изготвува стратегија, според која ќе може да се отпише дел од долгот, а преостанатиот дел да се репрограмира на одреден период. Со закон може да се утврди колкав е минимумот за враќање на обврските и колку би му останало на должникот за основните егзистенцијални потреби. Должникот за тој период додека прогласил личен банкрот нема никаква контрола врз сопствените пари и нивното трошење.

Во регионов повеќето земји го имаат воведено личниот банкрот, со цел да им помогнат на лицата кои имаат финансиски проблеми полесно и побезболно да го пребродат кризниот период и да го стабилизираат својот буџет. 

За жал, во Македонија се' уште нема никаква најава ниту интерес кај институциите за евентуално спроведување на овој инструмент, кој би им бил од огромна помош на граѓаните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik