Фискалната стратегија на увид, колку ќе се оствари

Bez autora
Oct 19 2016

Новата фискална стратегија на земјава, која се однесува за периодот од 2017 до 2019 година, а која Министерството за финансии неодамна ја објави на својата веб-страница, деновиве предизвикува серија реакции од стручната економска јавност. Според дел од експертите, како и институтите што се занимаваат со фискалната проблематика, дел од стратешките документи се носат само за да се исполни законска обврска, а потоа не се реализираат. Владата го поднела до Собранието предлог-буџетот за 2017 без соодветно приспособени претпоставки и приоритети, од каде би се претпоставувало кои цели сака да постигне со него. На 14 октомври Владата ја објави на веб- страницата на Министерството за финансии новата фискална стратегија 2017-2019 година, а предлог-буџетот за в година веќе бил доставен до Собранието. Се поставуваат неколку прашања. Прво како е направен предлог-буџет за 2017 ако немало фискална стратегија? Значи, Владата едноставно следела историски трендови, ад хок предизборни решенија и интуиција, без соодветна фискална стратегија, се вели во реакцијата од Центарот за економски анализи.

Фискалната стратегија на увид, колку ќе се оствариНовата фискална стратегија на земјава, која се однесува за периодот од 2017 до 2019 година, а која Министерството за финансии неодамна ја објави на својата веб-страница, деновиве предизвикува серија реакции од стручната економска јавност. Според дел од експертите, како и институтите што се занимаваат со фискалната проблематика, дел од стратешките документи се носат само за да се исполни законска обврска, а потоа не се реализираат.

„Владата го поднела до Собранието предлог-буџетот за 2017 без соодветно приспособени претпоставки и приоритети, од каде би се претпоставувало кои цели сака да постигне со него. На 14 октомври Владата ја објави на веб- страницата на Министерството за финансии новата фискална стратегија 2017-2019 година, а предлог-буџетот за в година веќе бил доставен до Собранието. Се поставуваат неколку прашања. Прво како е направен предлог-буџет за 2017 ако немало фискална стратегија? Значи, Владата едноставно следела историски трендови, ад хок предизборни решенија и интуиција, без соодветна фискална стратегија“, се вели во реакцијата од Центарот за економски анализи.

Од Институтот за економски истражувања „Фајнанс тинк“, пак, сметаат дека главен ризик за економските проекции во самата стратегија, е колку овој документ ќе се почитува. „’Фајнанс тинк‘ го оценува овој потег позитивно, откако претходната фискална стратегија 2016-2018 беше во голема мера промашена. Во таа насока, предвидената фискална консолидација и ставањето акцент врз капиталните проекти за сметка на консолидацијата на тековните трошења е позитивен чекор во насока на намалување на ризиците од потенцијалниот меур на јавниот долг... Останува перцепцијата дека главниот ризик сврзан со позитивните намери на носителите на економските политики изложени во фискалната стратегија 2017-2019, е ризикот сврзан со нејзиното непочитување. ’Фајнанс тинк‘ апелира овој документ да се почитува и спроведува доследно, и најавува дека ќе учествува во мониторирањето на тој процес“, стои во коментарот на овој институт. Од таму објаснуваат и дека во стратегијата нема доволно аргументи околу лимитот за задолжување. „Поистоветувањето на одржливото ниво на јавниот долг со Мастришкиот критериум од 60 отсто од БДП, без истото да се аргументира во контекст на локалните карактеристики и намената на веќе генерираниот долг, се чини недоволно аргументирано и непоткрепено со податоци. Спротивно на тоа, ваквото дефинирање на лимитот може да создаде перцепција дека има натамошен простор за задолжување, што може да биде штетно, доколку тоа не е строго наменско и во приоритетни продуктивни цели“, велат од „Фајнанс тинк“.

Инаку, во најновата фискална стратегија е најавено дека во следните три години Владата планира да се задолжи со 1,7 милијарди евра. Додека, пак, во тој период треба да се врати долг од скоро една милијарда евра. Со ова темпо на задолжување, нивото на вкупниот јавен долг во 2019 година ќе достигне 56 отсто од бруто домашниот производ.

Во фискалната стратегија е наведено дека во следните три години е планирано постепено намалување на дефицитот, кој во 2017 година треба да изнесува три отсто, а во 2019 година треба да се симне на 2,2 проценти. Буџетскиот дефицит ќе се покрива со домашно и странско задолжување, и за следните три години ќе изнесува 820 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik