Само сертифицираните се сигурно органски производи

Bez autora
Oct 24 2016

Само сертифицираните продукти се задолжително органски. Купувачите можат да бидат сигурни во македонските сертификациски акредитирани компании кои работат по истите правила како и оние во Европската Унија. Двете сертификациски тела, кои засега потврдуваат органско производство кај нас, подлежат на еднакви ригорозни контроли, а можноста за манипулација е сведена на минимум. Македонското органско растително производство засега најмногу може да понуди житни култури, фуражни, грозје и ароматични лековити растенија, додека во органското сточарство, предничи овчарството, посочуваат од Министерството за земјоделство. Минатата година се регистрирани вкупно 3.089 хектари под органско производство, а бројот на органски производители бил 481, кои добиле над 47 милиони денари субвенции.

Само сертифицираните се сигурно органски производиСамо сертифицираните продукти се задолжително органски. Купувачите можат да бидат сигурни во македонските сертификациски акредитирани компании кои работат по истите правила како и оние во Европската Унија. Двете сертификациски тела, кои засега потврдуваат органско производство кај нас, подлежат на еднакви ригорозни контроли, а можноста за манипулација е сведена на минимум.

Македонското органско растително производство засега најмногу може да понуди житни култури, фуражни, грозје и ароматични лековити растенија, додека во органското сточарство, предничи овчарството, посочуваат од Министерството за земјоделство. Минатата година се регистрирани вкупно 3.089 хектари под органско производство, а бројот на органски производители бил 481, кои добиле над 47 милиони денари субвенции.

Од минатата година субвенциите се зголемени за 30 отсто, а на производителите им се исплаќаат и дополнителни 50 проценти од трошоците за сертификација.

Според експертите, за развој на органското производство е неопходно постојано истражување, континуирана едукација и пред се, прилагодување кон побарувачката. Фокусот, сметаат, треба да се стави на руралните средини кои имаат голем потенцијал поради екстензивното традиционално земјоделство.

„Добро планирање, организирање, здружување, учење и постојано следење на трендовите, односно на барањата на потрошувачите се клучни за органското земјоделство“, посочува професорката Рукие Агич од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Побарувачката за органски производи на светско ниво лани достигна 90 милијарди долари за разлика од 1999 година кога беше 15 милијарди. Најголеми потрошувачи се Швајцарија, Германија, Велика Британија, Луксембург и Данска, а најголем производител е Австрија. Побарувачката е голема и во САД и Канада.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство укажуваат, при купувањето македонски органски производи домашните потрошувачи да ја бараат националната ознака - сонце околу кое вирее фиданка зашто само тие производи што на себе ја имаат ознаката се сертифицирани и гарантирано квалитетни, согласно стандардите за органско производство

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik