Самит „Македонија 2025“ - Иднината е во обновливите извори на енергија

Bez autora
Oct 24 2016

Обновливите извори на енергија и потенцијалот што го има Македонија за нивно искористување, високата технологија и нејзината примена и придобивки, како и иднината на паметната мобилност кон која се стремат градовите, се темите на кои се дебатираше на вториот ден на Самитот „Македонија 2025“ што се одржа во Скопје. Вера Ставроф, заменик-претседавач со одборот на директори на „Македонија 2025“, оцени дека ова е одличен форум да се претстави Македонија пред меѓународната заедница. На форумот посветен на обновлива енергија има 300 делегати од 25 земји во светот.

Самит „Македонија 2025“ - Иднината е во обновливите извори на енергијаОбновливите извори на енергија и потенцијалот што го има Македонија за нивно искористување, високата технологија и нејзината примена и придобивки, како и иднината на паметната мобилност кон која се стремат градовите, се темите на кои се дебатираше на вториот ден на Самитот „Македонија 2025“ што се одржа во Скопје.

Вера Ставроф, заменик-претседавач со одборот на директори на „Македонија 2025“, оцени дека ова е одличен форум да се претстави Македонија пред меѓународната заедница. На форумот посветен на обновлива енергија има 300 делегати од 25 земји во светот.

„Македонија има исклучителни можности во секторот на обновливите извори на енергија. Но, се' уште има долг пат за одење. Има многу сончеви денови, има потенцијал на соларна енергија и енергија на ветер и тоа се идните логични чекори за развој“, истакна Ставроф.

Таа додаде дека Македонија има исклучителен потенцијал во повеќе сектори, меѓу кои и органското земјоделство. Порача дека македонските компании треба да се сконцентрираат да обезбедат најдобри производи и со стандарди над светските, кои откако ќе ги произведат треба да ги претстават пред целиот свет.

Гурудут Банавар, шеф на одделот за наука и заменик-претседател на ИБМ, посочи дека високата технологија го менува светот и оти таа треба да биде искористена и од владите и од локалните стопанства. Неговото искуство, како што рече, во Индија и Бразил покажува дека бизнисите се адаптираат на новите технологии и оти тоа им го сменило начинот на кој работат.

„Секогаш кога имало нова технологија имало голем економски и општествен ефект. Фирмите наоѓаат нови начини да стигнат до своите клиенти, нови начини до нови микросегменти и се' тоа преку користење нови сегменти“, рече Банавар.

Додаде дека поради големата поврзаност во светот сега е многу лесно технологијата да дојде во Македонија и таа што ќе се развие во Македонија да се рашири во светот.

За Франческо Одоне, независен консултант во Европскиот проект за паметни градови и поранешен заменик-градоначалник на Џенова, Италија, форумот е насочен кон иднината и порача дека треба градовите да се префрлат кон паметен начин на дејствување. Според него, главен е транспортот, односно мобилноста.

Михаел Клоцек од „Хитачи“, потенцира дека употребата на електричните возила е добро за градовите бидејќи имаат нула емисии, меѓутоа, како што рече, во нивното производство се користи струја која доаѓа од фосилни горива.

Порачува дека е важно градовите да посветат внимание на сообраќајниот метеж и да воведат некои шеми како возење заедно во едно возило, како еден од првите чекори што треба да се преземат. Еден од најтешките проблеми, како што рече, со кој се соочуваат многу од земјите од Средна и Источна Европа се старите автомобили.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik