Питомиот костен во Велешко годинава со слаб род

Bez autora
Oct 25 2016

Костените во Велешко есенва имаа слаб род, а бербата заврши за кратко време. Ова сезонско овошје многу успева во селата Горно Врановци и Долно Јаболчиште, но уште на почетокот од сезоната, костенот стана дефицитарен на пазарот. На градскиот пазар го има во мали количества и тој се продава за 100 денари од килограм. Собирачите годинава немаа многу работа ниту, пак, ќе има дополнителен прилив во скромниот домашен семеен буџет. Некогаш од овој крај се откупуваше од 50 до 70 тони костени во сезона. Есенва се собраа не повеќе од 10 тони. Лошо беше времето, па родот е слаб. Се откупуваше на големо по 60 денари за килограм, сега достигнува и до 100 денари, но костени нема, вели жител од селото Горно Врановци. Слична е состојбата и во селото Долно Јаболчиште, каде што исто така успева костенот.

Питомиот костен во Велешко годинава со слаб родКостените во Велешко есенва имаа слаб род, а бербата заврши за кратко време. Ова сезонско овошје многу успева во селата Горно Врановци и Долно Јаболчиште, но уште на почетокот од сезоната, костенот стана дефицитарен на пазарот. На градскиот пазар го има во мали количества и тој се продава за 100 денари од килограм. Собирачите годинава немаа многу работа ниту, пак, ќе има дополнителен прилив во скромниот домашен семеен буџет.

„Некогаш од овој крај се откупуваше од 50 до 70 тони костени во сезона. Есенва се собраа не повеќе од 10 тони. Лошо беше времето, па родот е слаб. Се откупуваше на големо по 60 денари за килограм, сега достигнува и до 100 денари, но костени нема“, вели жител од селото Горно Врановци. Слична е состојбата и во селото Долно Јаболчиште, каде што исто така успева костенот. Собирачите објаснуваат дека родот го носат на пазар во Велес затоа што цената на мало е подобра, а само помал дел од родот го предаваат во откупните центри.

„Имаме мали количества, така што не се исплати да го даваме на големо. Тоа малку што го собравме го продаваме на пазар со повисока цена. Годинава беше одлична за печурки, ама не и за костени. Од едното ќе заработиме, а од другото не“, додава жител на Долно Јаболчиште. Костеновите дрвја, кои ги има во изобилие во природата на овој дел од централна Македонија, на населението му претставува дополнителен приход бидејќи повеќето се невработени. Питомиот костен во Македонија го има и во дебарско-струшкиот регион, битолско-прилепскиот регион, во скопско и во струмичко.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik