Растат каматите на минусите и на кредитните картички

Bez autora
Oct 26 2016

Колку повеќе граѓаните од земјава не можат да преживеат без влегување во минус на своите тековни сметки и без кредитните картички, толку банките се' повеќе ги зголемуваат каматните стапки на овие видови на кредитирање. Во последниве месеци растат каматите на негативните салда на тековните сметки во домашните банки, како и оние на кредитните картички. Особено високи камати се забележани во август, за кога се и последните објавени податоци на Народна банка на Македонија. Во август исто така се забележува и благ раст на вкупната камата на кредитите во земјава, која во осмиот месец достигнала 6,4 отсто. Инаку, задолжувањето преку минуси и картички за граѓаните е неопходно, главно поради ниските и нередовни плати. Банките, пак, штедро го одобруваат овој вид кредитирање, наплатувајќи притоа „дебели“ камати од своите клиенти, и заработувајќи така големи профити.

Растат каматите на минусите и на кредитните картичкиКолку повеќе граѓаните од земјава не можат да преживеат без влегување во минус на своите тековни сметки и без кредитните картички, толку банките се' повеќе ги зголемуваат каматните стапки на овие видови на кредитирање. Во последниве месеци растат каматите на негативните салда на тековните сметки во домашните банки, како и оние на кредитните картички. Особено високи камати се забележани во август, за кога се и последните објавени податоци на Народна банка на Македонија.

Во август исто така се забележува и благ раст на вкупната камата на кредитите во земјава, која во осмиот месец достигнала 6,4 отсто.

Инаку, задолжувањето преку минуси и картички за граѓаните е неопходно, главно поради ниските и нередовни плати. Банките, пак, штедро го одобруваат овој вид кредитирање, наплатувајќи притоа „дебели“ камати од своите клиенти, и заработувајќи така големи профити.

Според централната банка, во август годинава каматните стапки на негативните салда на тековните сметки за физичките лица достигнале дури 11,7 отсто, што е раст за 0,2 процентни поени за само еден месец. На крајот на минатата година, пак, каматите на минусите изнесувале 11,3 проценти, што значи дека за осум месеци кај нив има раст од 0,4 процентни поени.

Додека, пак, каматните стапки на кредитните картички може да се сметаат за малку „похумани“ во однос на минусите, но и тие се на ниво од над 10 отсто, достигнувајќи 10,3 отсто во август, што е мал раст во однос на 10,2 проценти колку што изнесувале еден месец претходно.

Во исто време, растат и сумите на долгот по основ на минуси и на кредитните картички во банките. По основ на кредитни картички граѓаните на крајот на август вкупно должат околу 203 милиони евра, што е за еден милион повеќе од претходниот месец, додека, пак, долгот направен како минус на тековната сметка веќе достигна 103 милиони евра, што е за три милиони евра повеќе од еден месец претходно. Или, вкупно 306 милиони евра должат граѓаните како заеми кои ги зеле за преживување.

Неодамна на темата околу високите каматни стапки во колумна за „Утрински“ се осврна универзитетскиот професор Драган Тевдовски, според кого не е во ред банките да наплаќаат казнена камата за позајмување кое тие самите го одобриле. Тој вели дека хипотекарните кредити, автомобилските, па дури и потрошувачките, имаат значајно пониски каматни стапки од кредитните и дебитните картички. „Затоа, ако треба да позајмите пари пологично е да ги одберете нив, отколку банката да ве исече на минусот на картичката. Но, една група граѓани не секогаш е во можност тоа да го направи. Која е таа? Луѓето со ниски плати, кои едвај врзуваат крај со крај во месецот. А, такви се мнозинството на граѓани во земјава. Тие немаат друг избор освен да влезат во минус на картичката. Тие мораат да ја финансираат својата тековна потрошувачка и по цена на многу високи каматни стапки“, вели Тевдовски.

Според него, затоа е потребно да се промени висината на казнената каматна стапка која што ја наплаќаат банките, така што во Законот за облигациони односи би се определила како референтната стапка на НБМ зголемена за 6 процентни поени. Тоа ќе значи дека казнената каматна стапка ќе се намали за 2 процентни поени, и ќе изнесува 10 отсто.

Повисоки камати за потрошувачките, пониски за станбените кредити

Во август вкупната просечна каматна стапка на кредитите била на ниво од 6,4 отсто, што е раст за 0,1 процентен поен во однос на претходниот месец. Ова е прв пат од стартот на годинава каматната стапка на кредитите да тргне по нагорен тренд.

Денарските кредити на крајот на август имале каматна стапка од 6,6 отсто, исто колку што имале и во јули. Денарските кредити, пак, без валутна клаузула биле на ниво од 7 отсто.

Притоа, станбените денарски кредити за граѓаните без валутна клаузула на крајот на август годинава имале камата од 7,3 отсто, што е благо намалување во однос на 7,4 проценти во јули. Додека, пак, пораснале каматите на денарските потрошувачки кредити, од 7,7 отсто во јули, на 7,8 проценти во август оваа година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik