Охрид меѓу 10 најдобри светски дестинации за 2017 година

Bez autora
Oct 27 2016

Охрид се најде на петтото место меѓу десет најдобри градови за патување во светот за 2017 година, според најсилниот бренд во туризмот со масивна публика низ целиот свет – „Лонли планет“ (Lonely Planet). Како што соопштија од Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Охрид е дел од публикацијата „Best in Travel 2017“, печатено издание, кое претставува основа за љубителите на патувањето повеќе од 40 години. Респектираниот водич, кој е најсилен бренд во оваа индустрија, се издава еднаш годишно, потенцирајќи ги дестинациите кои ќе бидат „најжешки“ во годината што следи. За сето ова да добие на кредибилност, секоја година интернационален тим на „Лонли планет“ составен од експерти за патување, автори, уредници и селектирана група од туристичката заедница препорачуваат најдобри 10 земји, 10 градови и 10 региони за годината, информираат од Агенцијата.

Охрид меѓу 10 најдобри светски дестинации за 2017 годинаОхрид се најде на петтото место меѓу десет најдобри градови за патување во светот за 2017 година, според најсилниот бренд во туризмот со масивна публика низ целиот свет – „Лонли планет“ (Lonely Planet).

Како што соопштија од Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Охрид е дел од публикацијата „Best in Travel 2017“, печатено издание, кое претставува основа за љубителите на патувањето повеќе од 40 години.

„Респектираниот водич, кој е најсилен бренд во оваа индустрија, се издава еднаш годишно, потенцирајќи ги дестинациите кои ќе бидат ’најжешки’ во годината што следи. За сето ова да добие на кредибилност, секоја година интернационален тим на ’Лонли планет’ составен од експерти за патување, автори, уредници и селектирана група од туристичката заедница препорачуваат најдобри 10 земји, 10 градови и 10 региони за годината“, информираат од Агенцијата.

Во водичот е наведено дека во Охрид ќе ги видите старите жени облечени во црно како носат производи кон дома набавени од пазарот и разговараат со пријатели на древните улици, додека во заднина ѕвонат црковните ѕвона. Познатите цркви кои го одбележуваат стариот град и областите околу него феноменално сведочат за преживеаните. Света Софија е градба која датира од 11 век и во неа има фрески од византиско време кои се' уште може да се видат во апсидата, додека црквата „Свети Јован“ на Канео е една од најфотографираните места на Балканот, со својата прекрасна силуета врамена во водата на Охридско Езеро во заднина.

Охрид го доби петто место меѓу градовите Бордо, кој е на првата позиција, втор е Кејп Таун Јужна Африка, трет е Лос Анџелес од Калифорнија, САД, Мерида од Мексико, шести е Пистоиа од Италија, потоа Сеул, Лисабон, Москва и Портланд.

„Покрај тоа што Охрид ќе го дознаат страсните љубители на туризмот кои се публика на овој бренд, ексклузивата доаѓа со тоа што оваа едиција е проследена со огромна медиумска кампања низ целиот свет. За оваа година, оваа масивна рекламна кампања што ќе ја добие Охрид, ќе биде збогатена со реклама на нови социјални алатки како InstaWalks, G+Hangouts on Air и Tweeter chats, а со тоа се предвидува да оствари медиумска кампања што според процена на ’Лонли планет’ би ја чинела Македонија повеќе од 6 милиони фунти“, изјави директорката на Агенцијата, Лела Крстевска.

Изданието „Best in Travel 2017“ ќе биде достапно и во електронска форма на шесте интернационални интернет-страници на „Лонли планет“ и преведена на сите јазици, вклучително и нејзина дистрибуција низ целиот свет.

Со прогласувањето на Охрид од страна на „Лонли планет“ за еден од најдобрите 10 градови во 2017 година, Македонија доби неограничени можности за развој на брендот и креирање лојалност на туристите преку децениското искуство на искусните патувачи на „Лонли планет“, овој пат инспирирани од незаборавното искуство во Охрид, Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik