Компаниите и повеќе бараат кредити и полесно ги добиваат

Bez autora
Dec 07 2016

Компаниите во третиот квартал од годинава и повеќе барале кредити од домашните банки, и полесно ги добивале. Ова го покажува најновата анкета за кредитната активност на Народна банка на Македонија. Се очекува дека до крајот на оваа година ќе се задржи динамиката на олеснување на вкупните кредитни услови за бизнис-секторот, како и дека ќе продолжи да се зголемува побарувачката за овие заеми. Сепак, од централната банка велат дека во третиот квартал олеснувањето на условите за добивање кредит било помало од очекувањата. Од аспект на поединечните кредитни услови, позначително олеснување се забележува кај каматната стапка и некаматните приходи, се вели во анкетата.

Компаниите и повеќе бараат кредити и полесно ги добиваатКомпаниите во третиот квартал од годинава и повеќе барале кредити од домашните банки, и полесно ги добивале. Ова го покажува најновата анкета за кредитната активност на Народна банка на Македонија. Се очекува дека до крајот на оваа година ќе се задржи динамиката на олеснување на вкупните кредитни услови за бизнис-секторот, како и дека ќе продолжи да се зголемува побарувачката за овие заеми.

Сепак, од централната банка велат дека во третиот квартал олеснувањето на условите за добивање кредит било помало од очекувањата. „Од аспект на поединечните кредитни услови, позначително олеснување се забележува кај каматната стапка и некаматните приходи“, се вели во анкетата.

Во однос на факторите кои дејствуваат врз условите, конкуренцијата од другите банки и ликвидносната позиција на банките и натаму имаат значителен придонес кон олеснувањето на кредитните услови.

Од друга страна, банките во третиот квартал укажале дека има одредено влошување на согледувањата за ризикот. Најнеповолно влијаат очекувањата за економската активност во земјата. „Во просек 33,6 отсто од банките укажуваат на неповолно влијание врз очекувањата за вкупната економска активност, очекувањата за перспективата на гранката на која и' припаѓа претпријатието, како и ризикот од неизвршување на обезбедувањето, наспроти 13 отсто во претходната анкета“, потенцираат од НБМ.

Инаку, ако во претходното тримесечје побарувачката за кредити се намалувала, во третиот квартал фирмите повеќе барале кредити. Делумно е зголемена побарувачката на сите типови корпоративни кредити.

Вкупната побарувачка за заеми се зголемила и поради потребата на фирмите да набават резерви и обртен капитал, но голем број од компаниите и натаму земаат кредит за да го преструктуираат својот долг, што значи да ги олеснат условите или да ја пролонгираат исплатата на претходно земени кредити. „Исто така, стимулативно влијание има и потребата на претпријатијата за инвестиции во основни средства, наспроти нивниот негативен придонес во претходната анкета“, се вели во извештајот на НБМ.

Во однос на кредитите за население, пак, централната банка добила најголем број одговори дека тие во третиот квартал и натаму ги олеснуваат условите за одобрување кредит. Притоа, граѓаните повеќе барале станбени, а помалку потрошувачки кредити. „Во третото тримесечје се забележува натамошно нето-олеснување на условите за одобрување на вкупните кредити на населението, но посилно во однос на претходната анкета. Во оваа анкета ниту една банка не укажува на заострени кредитни услови кај станбените и потрошувачките кредити, наспроти 11 отсто од банките во претходната анкета“, велат од НБМ.

Од аспект на поединечните кредитни услови, кај каматната стапка на станбените и потрошувачките кредити и натаму се забележува олеснување, посилно во однос на претходната анкета. Ова е главно резултат на тоа што ниту една банка не укажува на заострување на каматната стапка, наспроти околу 11 отсто од банките во претходниот период. Кај провизиите и некаматните приходи, и натаму се забележува олеснување, но послабо.

Во однос на факторите кои дејствуваат врз условите за одобрување станбени и потрошувачки кредити, во третиот квартал конкуренцијата од другите банки и натаму е фактор кон најмногу го стимулирал олеснувањето на условите за кредитирање. Од аспект на останатите услови за ризик, кредитната способност на потрошувачите, како и ризикот од неизвршување на обезбедувањето, и натаму придонесуваат кон поконзервативна политика на банките при одобрување кредити на населението.

Побарувачката на вкупните кредити на секторот население во третото тримесечје има минимално намалување. „Кај станбените кредити е забележано зголемување на побарувачката, наспроти намалувањето во претходната анкета. Кај потрошувачките кредити, пак, е регистрирано намалување на побарувачката, наспроти растот во претходниот период. Во четвртиот квартал банките очекуваат натамошно зголемување на побарувачката на станбени и потрошувачки кредити“, се вели во анкетата.

Од аспект на факторите, перспективите на пазарот за станбена изградба и натаму придонесува кон зголемена побарувачка на станбени кредити. Довербата на потрошувачите и заштедите на населението и натаму имаат стимулативно влијание врз побарувачката, слично како и во претходниот период. Во однос на потрошувачките кредити, довербата на потрошувачите е фактор кој и натаму придонесува за зголемување на побарувачката.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik