ЕБОР го откажа кредитот за Бошков мост оти парите не се искористени

Bez autora
Jan 19 2017

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја откажа во средата финансиската поддршка на хидроелектраната „Бошков мост“, која беше планирано да се гради во Националниот парк „Маврово“. Кредитот на ЕБОР во износ од 65 милиони евра наменет за македонскиот производител на електрична енергија ЕЛЕМ, за изградба на Бошков мост, хидро–централата во Националниот парк Маврово, беше достапен пет години, и користењето на истиот истече бидејќи не беа задоволени условите за негово реализирање. До сега, нема никакво префрлување на средства по овој проект и кредиот е откажан, се вели во официјалната изјава на банката. Европската банка за обнова и развој обезбеди кредит од 65 милиони евра за изградба на енергетски капацитет со инсталирана моќност од 68,2 мегавати.

ЕБОР го откажа кредитот за Бошков мост оти парите не се искористениЕвропската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја откажа во средата финансиската поддршка на хидроелектраната „Бошков мост“, која беше планирано да се гради во Националниот парк „Маврово“.

„Кредитот на ЕБОР во износ од 65 милиони евра наменет за македонскиот производител на електрична енергија ЕЛЕМ, за изградба на Бошков мост, хидро–централата во Националниот парк Маврово, беше достапен пет години, и користењето на истиот истече бидејќи не беа задоволени условите за негово реализирање. До сега, нема никакво префрлување на средства по овој проект и кредиот е откажан“, се вели во официјалната изјава на банката.

Европската банка за обнова и развој обезбеди кредит од 65 милиони евра за изградба на енергетски капацитет со инсталирана моќност од 68,2 мегавати.

Хидроелектраната „Бошков мост“ требаше да произведува 117,54 мегават часови електрична енергија на годишно ниво. Според проектната документација се планираше да се искористи водниот потенцијал на Мала Река и на нејзините притоки.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik