Во јануари паѓале и депозитите и кредитите

Bez autora
Feb 23 2017

Паѓаат кредитите што компаниите ги добиле во јануари оваа година, а се намалуваат и депозитите што тие ги чуваат во домашниот банкарски сектор. Додека, пак, граѓаните во првиот месец од годинава и повеќе штеделе, но и повеќе користеле кредити во банка во споредба со декември минатата година. Најновите податоци на Народна банка на Македонија покажуваат дека вкупните депозити во јануари годинава се намалени во однос на еден месец претходно. Односно, кај вкупните депозити намалувањето изнесува нешто повеќе од 34 милиони евра. Ова следува откако во декември лани имаше значителен пораст на вкупните депозити во банкарскиот систем, и тоа за дури 201 милиони евра. Притоа, огромен раст регистрираа и депозитите на компаниите, за дури 117 милиони евра, и на физичките лица, кои се зголемија за 84 милиони евра.

Во јануари паѓале и депозитите и кредититеПаѓаат кредитите што компаниите ги добиле во јануари оваа година, а се намалуваат и депозитите што тие ги чуваат во домашниот банкарски сектор. Додека, пак, граѓаните во првиот месец од годинава и повеќе штеделе, но и повеќе користеле кредити во банка во споредба со декември минатата година.

Најновите податоци на Народна банка на Македонија покажуваат дека вкупните депозити во јануари годинава се намалени во однос на еден месец претходно. Односно, кај вкупните депозити намалувањето изнесува нешто повеќе од 34 милиони евра. Ова следува откако во декември лани имаше значителен пораст на вкупните депозити во банкарскиот систем, и тоа за дури 201 милиони евра. Притоа, огромен раст регистрираа и депозитите на компаниите, за дури 117 милиони евра, и на физичките лица, кои се зголемија за 84 милиони евра. 

На крајот на јануари вкупната депозитна база изнесувала 5,199 милијарди евра. 

Она што може да загрижува од јануарските податоци, е падот на депозитите кои се чуваат во денари, и тоа за околу 57 милиони евра. Или, нашите граѓани и фирми во домашна валута на крајот на јануари годинава вкупно чувале 3,023 милијарди евра. 

Додека, пак, во јануари штедачите повеќе преферирале да штедат во странска валута, и тоа претежно во евра. Па така, влоговите во девизи се зголемиле за над 22 милиони евра, и тие сега вкупно изнесуваат 2,176 милијарди евра. 

Во последниве неколку месеци растеа штедните влогови во денари, откако претходно позначајно се намалија за време на шпекулациите во април и во мај минатата година, бидејќи многу од граѓаните ги повлекуваа токму депозитите во денари и ги претвораа во евра, а потоа или ги враќаа на книшка, или, пак, дел ги чуваа во банкарските сефови.
 
Кога станува збор за тоа кои категории штедачи ги повлекле депозитите во јануари, од бројките на НБМ може да се види дека тоа главно биле фирмите, кои од банкарските сметки „испразниле“ дури 59 милиони евра. Со оглед што во претходниот месец тие имаа огромен раст на депозитите, оваа појава не е загрижувачка. Исто така, како што објаснуваат познавачите, депозитите на компаниите не треба да се сметаат за некој значаен репер за тоа како се движи депозитната база, бидејќи тие постојано флуктуираат и се менуваат од месец во месец. Причина за тоа е фактот што тие се всушност средства со кои располага бизнис секторот во тековното работење, па ги вложува кога нема потреба од нив, а ги повлекува кога му се потребни за одвивање на дејноста.

Од друга страна, во јануари се зголемиле заштедите на домаќинствата, но нивниот раст е многу скромен, односно за само 10 милиони евра. 

Како што е познато, заради растот на депозитната база и стабилизирањето на состојбите на девизниот пазар, централната банка неодамна по трет пат ја намали каматната стапка на благајничките записи, сведувајќи ја на преткризното ниво од 3,25 проценти. 

Кога станува збор за кредитите, тие во јануари се намалиле за над 72 милиони евра. Или, на крајот на јануари фирмите и граѓаните вкупно должат кон банките 4,52 милијарди евра. 

Главниот пад на кредитирањето во првиот месец од годинава е регистриран кај компаниите, чие кредитирање бележи месечен минус од близу 79 милиони евра. Кај граѓаните, пак, заемите од банките пораснале во јануари, но скромно, за нешто помалку од 7 милиони евра. 

Во јануари лошите кредити имаат мал раст од околу 700 илјади евра, но нивниот процент во вкупното кредитно портфолио не е висок, и изнесува околу 6,6 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik