„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг ББ минус на Македонија

Bez autora
Mar 20 2017

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ минус со стабилен изглед. Од агенцијата оценуваат дека во македонската економија има позитивни трендови и покрај политичката криза како најголема закана за неа. Иако е пораснат државниот долг, кој може да се квалификува како низок во споредба со земјите со ист кредитен рејтинг, сепак „Стандард и Пурс“ наведува дека нивните проекции се позитивни. Кредитните стручњаци очекуваат невработеноста да продолжи да се намалува, и во 2020 година да достигне 21,5 отсто. Нивните прогнози се дека инвестициите и извозот ќе продолжат да растат и на среден рок, а слободните економските зони, како што пишува во извештајот, ќе бидат генератор на економскиот раст, особено преку синергијата од соработката со локалните компании и доставувачи.

„СТАНДАРД И ПУРС“ ГО ПОТВРДИ КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ ББ МИНУС НА МАКЕДОНИЈАКредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ минус со стабилен изглед. Од агенцијата оценуваат дека во македонската економија има позитивни трендови и покрај политичката криза како најголема закана за неа. Иако е пораснат државниот долг, кој може да се квалификува како низок во споредба со земјите со ист кредитен рејтинг, сепак „Стандард и Пурс“ наведува дека нивните проекции се позитивни.

Кредитните стручњаци очекуваат невработеноста да продолжи да се намалува, и во 2020 година да достигне 21,5 отсто. Нивните прогнози се дека инвестициите и извозот ќе продолжат да растат и на среден рок, а слободните економските зони, како што пишува во извештајот, ќе бидат генератор на економскиот раст, особено преку синергијата од соработката со локалните компании и доставувачи. Буџетскиот дефицит од 2,8 отсто во 2016 година, посочуваат од „Стандард и Пурс“, е низок, а земјата спроведува фискална консолидација за да го сведе на 2,2 проценти до 2019 година.

Од кредитната агенција наведуваат дека како и во октомврискиот извештај, рејтингот го базираат на добрите економски перформанси на македонската економија, но и на политичката криза, која кулминира.
За банкарскиот сектор од Агенцијата наведуваат дека е добро капитализиран и профитабилен и, главно, е финансиран од домашни депозити.

Како најголема закана за македонската економија и „Стандард и Пурс“ ја гледа политичката криза. Во извештајот се наведува дека политичката ситуација станала уште покомплицирана по спроведувањето на изборите во декември 2016. Нивната оценка е дека и да се формира влада, таа нема да биде стабилна и нема да може да биде носител на реформски процеси и кризата нема да се разреши.

Како „Стандард и Пурс“, во февруари годинава и кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, наведувајќи дека согласно економските перформанси, земјата заслужува повисок рејтинг од сегашниот, но поради политичката криза не можат да дадат повисок рејтинг. 

За СДСМ, оценката на „Стандард и Пурс“, со која се потврдил негативниот кредитен рејтинг на Македонија, само покажува дека во изминатиот период се спроведени лоши економски политики во државата.

„Изминативе 10 години поради неконтролираното и прекумерно задолжување на граѓаните и поради нетранспарентното раководење на јавните финансии, оваа кредитна агенција двапати го намали кредитниот рејтинг на земјата, првиот пат во 2009 на ББ и втор пат во 2013 на ББ-“, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата, порачуваат дека продлабочувањето на политичката криза штетно влијае на економијата и затоа е потребно да се деблокираат демократските процеси за избор на нова влада.

Потврдувањето на кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед, пак, според ВМРО-ДПМНЕ, е потврда дека благодарение на добрите економски политики, реформи и проекти на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, економијата, и покрај наметната политичка криза од Социјалдемократскиот сојуз, бележи позитивни трендови. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik