Нелојалната конкуренција проблем и за производителите на мебел

Bez autora
Mar 22 2017

Побарувачката на мебел во изминатиот период е намалена поради актуелната состојба во државата, но и поради нелојалната конкуренција, се жалат производителите. Тие сепак очекуваат да остварат промет, барем како минатата година. Голем број производители и годинава се присутни на 43. Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел – „Мебел 2017“, кој почна денеска на „Скопски саем“. Кризата влијае на работата и се обидуваме да направиме приспособување на условите и состојбата во земјата и така да успееме да го задржиме прометот на ниво од минатата година, вели Благоја Крстевски од „Вардар мебел“ кој и годинава е на оваа саемска манифестација и очекува да го реализираат и остварат минатогодишниот промет со оглед на вкупните политички и економски состојби во земјава.

Нелојалната конкуренција проблем и за производителите на мебелПобарувачката на мебел во изминатиот период е намалена поради актуелната состојба во државата, но и поради нелојалната конкуренција, се жалат производителите. Тие сепак очекуваат да остварат промет, барем како минатата година. Голем број производители и годинава се присутни на 43. Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел – „Мебел 2017“, кој почна денеска на „Скопски саем“.

„Кризата влијае на работата и се обидуваме да направиме приспособување на условите и состојбата во земјата и така да успееме да го задржиме прометот на ниво од минатата година“, вели Благоја Крстевски од „Вардар мебел“ кој и годинава е на оваа саемска манифестација и очекува да го реализираат и остварат минатогодишниот промет со оглед на вкупните политички и економски состојби во земјава.

Според Виолета Каратошева од „Карат М“, состојбата во дрвната индустрија во моментов се наоѓа во стагнација. Вели има слаба побарувачка и слаба реализација, а како причина ги наведе и нелојалната конкуренција и општата состојба. „Најголемиот проблем се дивите производители и тие се главната конкуренција“, истакна Каратошева.

Како проблем нелојалната конкуренција ја посочи и Александар Пенев од „Акрон“, кој истакна дека таа е долготраен проблем во оваа индустрија од која немаат корист ниту производителите, ниту потрошувачите. Истакна дека како производител кој го пласира најголемиот дел од производството на домашниот пазар кризата во земјава се одразува и на продажбата на мебел.

Дека има влијание кризата посочи и Алејдин Беќири од „Хелга компанија“ од Тетово од каде што 90 проценти од производството се пласира на странски пазари, но она што оди на домашниот пазар, како што рече тој, се забележува влијанието врз побарувачката.

„Секоја година над 50.000 посетители ги следат уникатните модни дизајни кои се нудат на ’Мебел’. Две години по ред овој саем го руши рекордот со 11-те хали. Покрај од Македонија учесници има од Босна и Херцеговина, Грција, Италија, Словенија, Србија и Хрватска. Овој саем полека се надминува себеси со креативноста, можностите и оригиналноста на модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво“, рече на отворањето на оваа саемска манифестација Магдалена Хамбова, проект менаџер во „Скопски саем“.

Традиционално ќе се организира стручно оценување на пријавени експонати и ќе бидат доделени признанија на најдобрите учесници на саемот, во две категории: производители и трговци. Стручната комисија е составена од претставници од Архитектонски факултет, Факултетот за дизајн и технологија на мебел, Асоцијација на архитекти, Кластерот на дрвна индустрија и од Министерство за економија на Македонија.

На „Мебел 2017“ ќе учествуваат и повеќе банки и осигурителни компании кои на посетителите ќе им ги понудат поволностите за кредитирање и осигурување на своите домови. Воедно, и изложувачите имаат свои изненадувања и попусти за посетителите во согласност на своите понуди.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik