НЛБ Банка одбележа 15 години од првото електронското банкарство во Македонија – НЛБ Проколик

Bez autora
Apr 12 2017

НЛБ Банка во среда ја одбележа 15 годишнината од првото електронското банкарство во РМ – НЛБ Проколик – електронско банкарство за правни лица. Со цел означување на јубилејот 15 години – НЛБ Проклик, а во насока на дигитализирање на банкарското работење, НЛБ Банка прва на пазарот во Македонија воведе мобилно банкарство за правни лица за целосно работење со платниот промет во земјата – НЛБ мПроклик. Исто така, беше промовирана и новата платформа на НЛБ Проклик – електронското банкарство за правни лица со нови и подобрени функционалности. НЛБ Банка, уште одамна, го препозна предизвикот дека технолошките иновации ќе ги сменат трендовите и ќе донесат огромни промени. Кога станува збор за иднината на банкарството, се повеќе и повеќе луѓе се насочуваат кон решенијата кои ги нуди мобилното банкарство. Во таа насока, гордо можеме да објавиме дека воведуваме прво мобилно банкарство за правни лица за целосно работење со платниот промет во земјата– НЛБ мПроклик, изјави Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

НЛБ Банка одбележа 15 години од првото електронското банкарство во Македонија – НЛБ ПроколикНЛБ Банка во среда ја одбележа 15 годишнината од првото електронското банкарство во РМ – НЛБ Проколик – електронско банкарство за правни лица.

Со цел означување на јубилејот 15 години – НЛБ Проклик, а во насока на дигитализирање на банкарското работење, НЛБ Банка прва на пазарот во Македонија воведе мобилно банкарство за правни лица за целосно работење со платниот промет во земјата – НЛБ мПроклик. Исто така, беше промовирана и новата платформа на НЛБ Проклик – електронското банкарство за правни лица со нови и подобрени функционалности.

„НЛБ Банка, уште одамна, го препозна предизвикот дека технолошките иновации ќе ги сменат трендовите и ќе донесат огромни промени. Кога станува збор за иднината на банкарството, се повеќе и повеќе луѓе се насочуваат кон решенијата кои ги нуди мобилното банкарство. Во таа насока, гордо можеме да објавиме дека воведуваме прво мобилно банкарство за правни лица за целосно работење со платниот промет во земјата– НЛБ мПроклик“, изјави Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Новата НЛБ мПроклик мобилна апликација за правни лица има модерен и интуитивен дизајн и овозможува едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки и бизнис картички на правното лице.

НЛБ мПроклик овозможува преглед, филтрирање и превземање на изводи од сметки и налози директно од мобилниот телефон на корисникот. Со апликацијата може да се извршуваат сите плаќања во денарскиот платен промет, само со еден клик – без потреба од дополнителен уред токен, во било кое време и од било кое место.

НЛБ мПроклик апликацијата на фирмите им овозможува директен пристап до Банката, 24 часовна директна комуникација преку новата комуникациска платформа, можност за лоцирање на најблискиот банкомат или експозитура, како и пристап до целата палета на продукти и услуги кои Банката им ги нуди на своите клиенти.

Преку новата платформа на НЛБ Проклик со нови и подобрени функционалности, на правните лица им е достапна новата услуга Е-кредити (преглед на кредитите и директно плаќање на обврските), можност за персонализирање на изгледот и прилагодување на начинот на работење, како и комуникациска платформа преку која клиентите ќе можат да остваруваат директна комуникација со Банката во било кое време, да добиваат известувања за новитети и персонализирани понуди од Банката.

На настанот, НЛБ Банка им додели плакети на фирмите кои се 15 години лојални во користењето на НЛБ Проклик, фирмите кои имаат најголем обем во работењето преку НЛБ Проклик и на оние со највисок процент на електронски налози преку НЛБ Проклик.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik