Италијански компании заинтересирани за инвестиции во производството на мермер во Прилеп

Bez autora
Apr 12 2017

Неколку италијански компании се заинтересирани за инвестиции во производството на мермер во Македонија, а особено во Прилеп. Во вторникот во Скопје се одржала првата средба помеѓу македонски и италијански компании кои се занимаваат со производство и изработка на производи од мермер, како и машини за обработка на минералните суровини, а токму по тој повод во среда амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео, ја посети Општина Прилеп и оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески. Посетата е пред сè запознавање на неколку италијански фирми со условите и можностите кои ги има Македонија и Прилеп во изработка и производство на мермер, рече Карло Ромео, амбасадорот на Италија во Македонија. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, истакна дека освен за производството на мермер на оваа средба било разговарано и за поголема соработка помеѓу Прилеп и Италија на повеќе полиња.

Италијански компании заинтересирани за инвестиции во производството на мермер во ПрилепНеколку италијански компании се заинтересирани за инвестиции во производството на мермер во Македонија, а особено во Прилеп.

Во вторникот во Скопје се одржала првата средба помеѓу македонски и италијански компании кои се занимаваат со производство и изработка на производи од мермер, како и машини за обработка на минералните суровини, а токму по тој повод во среда амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео, ја посети Општина Прилеп и оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески.

„Посетата е пред сè запознавање на неколку италијански фирми со условите и можностите кои ги има Македонија и Прилеп во изработка и производство на мермер“, рече Карло Ромео, амбасадорот на Италија во Македонија.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, истакна дека освен за производството на мермер на оваа средба било разговарано и за поголема соработка помеѓу Прилеп и Италија на повеќе полиња.

„Оваа посета на бизнисмените од Италија кои се занимаваат со производство на машини за обработка на мермер и други минерални суровини е од голема важност со цел за подобрување на ефикасноста на самото производство на „Мермерниот комбинат“ и другите компании кои обработуваат минерални суровини“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Беше истакнато и тоа дека за поголема соработка и меѓусебно запознавање било разговарало во блиска иднина во Прилеп да се организира една манифестација на која би се служеле италијански специјалитети, италијанско вино, би имало италијанска музика и би се презентирале италијански филмови, а исто така библиотеката во Прилеп би се збогатила со италијанска литература.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik