Просечната плата во Македонија е 370 евра

Bez autora
Apr 18 2017

Просечната нето плата во земјава на стартот на оваа 2017 година изнесувала 370 евра. Државниот завод за статистика во јануари во споредба со истот месец лани регистрирал раст на републичкиот просек на месечни примања за 2,2 отсто а најголем раст имало на платите во секторите комуникации и информации, јавната управа и одбраната, задолжителното социјално осигурување и рударството. Додека државните институции бележат раст на просечната нето плата, дел од економисте се уверени дека оваа бројка е само гола статистика која не ја одразува реалната состојба со месечните примања во земјава. Дури 70 % од работниците земаат плата помала од 370 евра.

Просечната плата во Македонија е 370 евраПросечната нето плата во земјава на стартот на оваа 2017 година изнесувала 370 евра. Државниот завод за статистика во јануари во споредба со истот месец лани регистрирал раст на републичкиот просек на месечни примања за 2,2 отсто а најголем раст имало на платите во секторите комуникации и информации, јавната управа и одбраната, задолжителното социјално осигурување и рударството, пишува неделната анализа на Portalb.mk.

Додека државните институции бележат раст на просечната нето плата, дел од економисте се уверени дека оваа бројка е само гола статистика која не ја одразува реалната состојба со месечните примања во земјава. Дури 70 % од работниците земаат плата помала од 370 евра.

Статистика и реалност – какви се платите во земјава?

Највисоки плати, над 600 евра земаат вработените во секторите информации, коммуникации, фининасиски дејности и снбдување со електрична енергија, а зад нив со просечни месечни примања повисоки од 400 евра се вработените во јавната управа, одбраната и здравството. На скалилото, според висината на платата се вработените во земјоделството.

Еве во кои сектори колку изнесува просечната плата според податоците од Заводот за статистика: во секторот снабдување со струја и гас 637,6 евра, финансиски дејности 636,6 евра, информации и комуникации 612 евра, во секторот јавна управа и одбрана месечниот просек изнесува 445,3 евра а во здравството 410 евра. Вработените во градежништвото имаат просечна плата од 307,7 евра а во трговијата 354,6 евра, додека во земјоделството просекот изнесува 272 евра.

На ниво на земјата, просечната плата во јануари изнесувала 370 евра. Дел од економистите сметаат дека републичниот просек е само статистичко мерење што не ја одразува реалната состојба, со оглед на тоа што најголемиот дел од вработените земаат плати пониски од просекот а само мал дел имаат високи месечни примања што го зголемува просекот на ниво на целата држава.

Дел од досегашните истражувања покажуваат дека во земјава постои голем јас во висината на платите, па така една анализа на Народната Банка покажува дека само 1,2 отсто од вработените земале плата повисока од 40 000 денари.

За ваквата состојба на длабоки разлики упатуваат и економистите.

Во декември 2016 година, вредноста на синдикалната потрошувачка кошница изнесувала 522 евра, или толку пари му се потребни на едно семејство да го истурка месецот. Ако во едно домаќинство има само еден вработен кој ја зема просечената плата, тоа значи дека на тоа семејството му недостасуваат уште 152 евра за да ги задоволи основните потреби. Најголем дел од месечните трошења или 73,6% завршуваат за исхрана и домување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik