ЕЛЕМ ќе го проширува ветерниот парк во Богданци

Bez autora
Apr 25 2017

Електрани на Македонија, ЕЛЕМ, се подготвуваат за реализација на втората фаза на проектот, ветерен парк „Богданци“. Од компанијата посочуваат дека оваа инвестиција досега се покажала како исплатливата и токму затоа се работи на остварување на втората фаза од овој проект. Од почетокот на работата на ветерниот парк ’Богданци’ во 2014 година, планираното производство на електрична енергија е надминато за 25 проценти, што е добро за тековната ликвидност на компанијата и основа за започнување на реализацијата на втората фаза. Но, и за нови, слични проекти во околината на Богданци и на други места во Македонија, изјави директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски.

ЕЛЕМ ќе го проширува ветерниот парк во БогданциЕлектрани на Македонија, ЕЛЕМ, се подготвуваат за реализација на втората фаза на проектот, ветерен парк „Богданци“. Од компанијата посочуваат дека оваа инвестиција досега се покажала како исплатливата и токму затоа се работи на остварување на втората фаза од овој проект.

„Од почетокот на работата на ветерниот парк ’Богданци’ во 2014 година, планираното производство на електрична енергија е надминато за 25 проценти, што е добро за тековната ликвидност на компанијата и основа за започнување на реализацијата на втората фаза. Но, и за нови, слични проекти во околината на Богданци и на други места во Македонија“, изјави директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски.

Ветерниот парк „Богданци“ има инсталирана моќност од околу 50 мегавати, а турбините при оптимални услови можат да произведат околу 100 гигават-часови електрична енергија годишно. Ова количество е доволно за потребите на околу 60 илјади домаќинства во текот на една година (Гевгелија, Богданци и Дојран).

Инаку, проектот ветерен парк „Богданци“ има два дела. Првиот, што е веќе инсталиран, има 16 турбини со моќност од 2,3 мегавати. За оваа прва фаза се инвестирани 55,5 милиони евра, од кои 47,9 милиони се кредит од германската КФВ банка. Треба да се постават уште 6 турбини со моќност од 2,3 мегавати и за таа втора фаза е неопходна инвестиција од 24 милиони евра, од кои 18 милиони евра ќе бидат кредит.

„За реализација на втората фаза е неопходно ново задолжување, но претходно е потребно да се реши политичката ситуација во земјата“, рече Мицкоски.

Ветерниот парк „Богданци“ работи 30 отсто од вкупниот број на денови во текот на една година. Просечната брзина на ветерот изнесува 7,1 метар во секунда. Во 2016 година се произведени 109.458 мегават-часови, а биле планирани 103.848 мегават- часови. Во првите три месеци од годинава производството на електрична енергија од ветерниот парк „Богданци“ изнесува 28.066 мегават-часови или за 14,87 отсто повеќе од планираните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik