Охрид очекува рекордна туристичка сезона

Bez autora
May 29 2017

Според проценките на Туристичко-угостителската комора на Македонија (ТУК), за годинешнава летна туристичка сезона, се очекуваа мали осцилации поради влијанието на политичката криза. Но, сепак, се очекува стабилизација на пазарот. Најголем индикатор за тоа како ќе помине годината е Охрид, кој оваа претсезона беше полн со гости. Особено за велигденските празници, кога градот живееше во атмосфера на главната сезона, нешто помалку за први мај, но сега, во претсезоната, пополнетоста е повторно импресивна. Добрите познавачи на условите оценуваат дека политичките случувања во земјата не го загрозиле туризмот. Многу важен стабилизирачки фактор биле странските дипломатски претставништва, со својот непосреден ангажман во надминувањето на кризата, но и со фактот што ниту една амбасада не упатила повик до граѓаните од земјата чиј претставник е за одвраќање од патувања во Македонија.

Охрид очекува рекордна туристичка сезонаСпоред проценките на Туристичко-угостителската комора на Македонија (ТУК), за годинешнава летна туристичка сезона, се очекуваа мали осцилации поради влијанието на политичката криза. Но, сепак, се очекува стабилизација на пазарот.

Најголем индикатор за тоа како ќе помине годината е Охрид, кој оваа претсезона беше полн со гости. Особено за велигденските празници, кога градот живееше во атмосфера на главната сезона, нешто помалку за први мај, но сега, во претсезоната, пополнетоста е повторно импресивна.

Добрите познавачи на условите оценуваат дека политичките случувања во земјата не го загрозиле туризмот.

Многу важен стабилизирачки фактор биле странските дипломатски претставништва, со својот непосреден ангажман во надминувањето на кризата, но и со фактот што ниту една амбасада не упатила повик до граѓаните од земјата чиј претставник е за одвраќање од патувања во Македонија.

Сè на сè, хотелиерите и угостителите од Охрид велат дека „најлошото поминало”, дека пад на посетеноста не почувствувале и дека најблагодарни се кон странските медиуми и нивниот објективен пристап.

Како своевидна илустрација се наведува последната објава на специјализираниот сајт Quora (https://www.quora.com/Which-is-the-best-safe-and-cheap-country-to-visit-in-Europe-in-summer), на кој глобтротерот Дејвид Мирабела, светски патник, кој престојува во повеќе од 50 држави, за Охрид ќе напише:
„Град од мала држава, во Западен Балкан. Место на природна убавина и културно наследство. Место каде што можете да пливате во небесно синото езеро и да слушате прекрасна традиционална музика. Тоа е градот Охрид, во Република Македонија“.

Според впечатокот кој му го оставил Охрид, градот го сместил во листата на места кои се најубави за посета за време на летото.

Тој својата посета во Охрид ја реализирал пред неколку години и посебен впечаток му оставил фактот што градот имал донекаде медитерански дух, а од друга страна, се забележувале остатоците од отоманскиот период.

Неговите препораки за посета на Охрид се активностите на плажа, возењето велосипед по бреговата линија или прошетка до националниот парк.

Ја издвојува и архитектурата, која се отсликува преку многуте православни цркви и манастири.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik