Цената на горивата не се менува, се намалува само цената на мазутот

Bez autora
Jul 06 2022

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 4.07.2022 година.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 4.7.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,501%, кај дизелот за 1,699%, кај екстра лесното масло за 2,028%  и кај мазутот за 2,898%.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и ќе изнесува 52,649 ден/кг.

Од 7.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 108,50 (денари/литар);

Моторен бензин еуросупер БС – 98 110,50 (денари/литар);

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) - 103,50 (денари/литар);

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 102,00 (денари/литар);

Мазут М-1 НС -2,649 (денари/килограм).

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,412%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik