470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Bez autora
Sep 29 2020

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19 и го усвои пакетот кој е во насока на продолжување на мерките од претходните три сета мерки, со цел понатамошно закрепнување на домашната економија во периодот на враќање во нормала, односно во новонастаната нормала.

Предвидено е четвртиот пакет мерки да се искористи во последниот квартал оваа година со цел ефектот во економскиот сектор да биде побрз и подиректен, потаргетиран, а некои од мерките е предвидено да продолжат или да почнат на почетокот на наредната година.

Пакетот економски мерки, што беше усвоен на седницата, има три столба. Првиот предвидува директна финансиска поддршка за граѓаните со цел стимулирање на потрошувачката со фокус на домашните производи и услуги и погодените сектори.

Вториот опфаќа директна финансиска поддршка и поддршка за ликвидноста на приватниот сектор и стимулирање на претпријатијата за враќање и задржување на работниците на работните места; и третиот столб е наменет за поддршка за финансиска и фискална одржливост воопшто во економијата, вклучувајќи ја и финансиската стабилност на општините.

„Таргетираните мерки, кои се дел од четвртиот пакет-мерки, ќе го амортизираат ударот врз домашните погодени компании преку стимулирање на приватната потрошувачка со фокус на домашната понуда и поддршка на приватниот сектор, односно економската активност и работните места. Пакетот предвидува фокусирана поддршка, која ќе биде насочена и со цел да пристигне директно кај претпријатијата“, велат од Владата.

Мерките исто така вклучуваат финансиска поддршка за приватниот сектор, економијата и индустријата со цел воведување нови технологии, реструктурирање и зголемување на конкурентноста и продуктивност.

Целокупната вредност на финансиската поддршка за овој пакет е проценет на 28.898.380.000 денари, односно 470.000.000 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik