ЕСМ продаде електрична енергија на слободниот пазар за 5.375.421 евра

Bez autora
Jun 21 2020

АД Електрани на Северна Македонија соопшти дека откако ги задоволиле потребите на Универзалниот снабдувач за електрична енергија за тарифните потрошувачи, продолжиле со производство и со продажба на електрична енергија на слободниот пазар.

Како што истакна Васко Ковачевски, ЕСМ продале вкупно 110.640 МWh енергија и притоа оствариле приход од 4.890.875 евра.

„Повеќе од половината од продадена електрична енергија е за третиот квартал, значи јули, август и септември, по просечна цена од 44.37 Eur/MWh, (цената на HUPEX берзата во тој момент беше 43.40 Eur/MWh). Останатиот дел од енергијата е продаден за јули по просечна цена од 43.55 Еуr/MWh, (цената на HUPEX во тој момент беше 42.13 Eur/MWh). Исто така, АД ЕСМ продаде и 11.040 МWh електрична енергија за загубите на ЕВН Електродистрибуција за третиот квартал, по цена од 43.89 Еur/MWh (цената на HUPEX беше 43.84 Eur/MWh). Остварениот приход од оваа продажба е 484.545 евра“, вели Ковачевски.

Наведените податоци покажуваат дека при продажбите се постигнати цени повисоки од берзанските и е остварен вкупен приход од 5.375.421 евро.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik