540 земјоделци ќе добијат нови трактори

Bez autora
Nov 29 2020

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски, денеска во Штип ги доделија првите пет договори за набавка на трактори преку Програмата за рурален развој.

Бабовски истакна дека условите за добивање на оваа поддршка ги исполнуваат 540 апликанти.

„Вкупната финансиска поддршка за сите 540 апликации изнесува 206.000.000 денари. Најголем дел од апликантите побараа набвка на трактори од марката Тафе, Солис, Махиндра. Заради заштита и намалување на ширењето на Ковид-19, сите кои имаат аплицирано за оваа мерка и ги исполнуваат условите, а денеска не се овде договорите заедно со упатство ќе ги добијат на домашна адреса“, рече директорот.

Откако ќе ги заверат и потпишат два примерока од договорите, истите ќе треба да се вратат во Агенцијата. Потоа земјоделците ќе може да ја спроведат набавката на тракторот кој им е одобрен со договорот.

„Апелирам до сите се додека не го потпишат договорот да ја почнуваат инвестицијата“, нагласи Бабовски.

Од ресорните институции велат дека со набавената нова, современа механизација се намалуваат производните трошоци на земјоделците, а со тоа се развиваат поконкурентни и модернизирани земјоделски стопанства.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik