Авионите на „Визер“ нема да летаат од и до Скопје до 16 април

Bez autora
Apr 01 2020

Авиокомпанијата „Визер“ најави дека како резултат на пролонгираните забрани за летање од и до земјава, ќе ја продолжи суспензијата на сите скопски летови до 16 април.

„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови, кои резервациите ги направиле директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120 отсто од целата сума ќе бидe автоматски префрлена на Wizz-сметката на корисникот и ќе може да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на ‘Визер’“, се наведува во соопштението на компанијата.

Патниците исто така може да изберат опција за враќање на парите, односно целиот платен износ, за што ќе треба подолго време да се реализира и во посебна електронска порака ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или на картичка.

Патниците што направиле резервација преку туристички агенции треба да се јават на компанијата преку која ги купиле своите билети.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik