Исплатени над 5,7 милиони евра субвенции за земјоделците

Bez autora
Aug 20 2017

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати 354.700.000 денари или над 5,7 милиони евра финансиска поддршка за следните намени: за одржување на земјоделски површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, произведен сертифициран семенски и саден материјал, заклани гоеници, бројлери и амортизирани несилки во кланица, продадени градинарски култури во преработувачки капацитети како и за рурална инфраструктура. Вкупно за само два месеци се исплатени околу 55,7 милиони евра субвенции за земјоделците. Имајќи ја в предвид заложбата на Владата на Република Македонија за развој на земјоделството и обезбедување на континуирана поддршка на доходот на земјоделските стопанства, исплатата на субвенциите ќе продолжи следниот период за сите земјоделци кои поднеле барање и ги исполниле пропишаните услови, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Исплатени над 5,7 милиони евра субвенции за земјоделцитеАгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати 354.700.000 денари или над 5,7 милиони евра финансиска поддршка за следните намени: за одржување на земјоделски површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, произведен сертифициран семенски и саден материјал, заклани гоеници, бројлери и амортизирани несилки во кланица, продадени градинарски култури во преработувачки капацитети како и за рурална инфраструктура.

Вкупно за само два месеци се исплатени околу 55,7 милиони евра субвенции за земјоделците.

„Имајќи ја в предвид заложбата на Владата на Република Македонија за развој на земјоделството и обезбедување на континуирана поддршка на доходот на земјоделските стопанства, исплатата на субвенциите ќе продолжи следниот период за сите земјоделци кои поднеле барање и ги исполниле пропишаните услови“, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Исто така, велат од таму, по одржаната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со претставниците на винарските визби, ќе се направат напори во најкус рок да се намират финансиските обврски кон визбите со цел непречено одвивање на откупот од овогодинешниот род на грозје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik