Заев на средба со бизнисмени од македонската дијаспора

Bez autora
Sep 19 2017

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, се сретнал во Њујорк со претседателот на групата МК 2025, Роберт Арсов, познатиот бизнисмен од дијаспората, Џон Битов, како и повеќемина други претставници на оваа група успешни претприемачи и извршни директори на светски бизниси. Притоа претставниците на групата МК 2025 изразиле поддршка на реформските политики на Владата во кои, како што стои во соопштението, гледаат реална можност за вклучување и придонес на дијаспората за развој на економијата во Македонија. На средбата станало збор за конкретни начини за поддршка во бизнис-проекти, како и проекти од областа на образованието и иновациите, во кои претставниците на групата МК 2025 изразиле подготвеност да учествуваат преку финансиска и експертска поддршка.

Заев на средба со бизнисмени од македонската дијаспораПремиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, се сретнал во Њујорк со претседателот на групата МК 2025, Роберт Арсов, познатиот бизнисмен од дијаспората, Џон Битов, како и повеќемина други претставници на оваа група успешни претприемачи и извршни директори на светски бизниси.

Притоа претставниците на групата МК 2025 изразиле поддршка на реформските политики на Владата во кои, како што стои во соопштението, гледаат реална можност за вклучување и придонес на дијаспората за развој на економијата во Македонија. На средбата станало збор за конкретни начини за поддршка во бизнис-проекти, како и проекти од областа на образованието и иновациите, во кои претставниците на групата МК 2025 изразиле подготвеност да учествуваат преку финансиска и експертска поддршка.

Се разговарало подетаљно за формите за развивање образовни проекти за инвестирање во кадри што имаат креативен потенцијал. Исто така, се разгледувала можноста за формирање еден вид технолошки парк каде што ќе се обрне внимание на иновативните идеи при поддршката за развој на бизнисите. Договорен е самит во Македонија со групата МК 2025, на кој се очекува да присуствуваат претставници на светски компании со цел размена на искуства и поттикнување инвестиции, како и отворање можност за соработка на домашните бизнисмени со бизнисмените од странство.

– Владата на Република Македонија се отвори кон сите што може да придонесат кон економски напредок на државата. Дијаспората и конретно активирањето на претставниците на групата МК 2025 во Македонија ќе значи силен импулс за нови инвестиции во државата, а посебно што станува збор за почитувани и успешни бизнисмени на светско ниво.

Спроведуваме реформи што го трасират патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, развиваме добрососедски односи и успешна регионална соработка, но дијаспората може комплетно да се вклучи во овие важни процеси што носат квалитетен живот на граѓаните и перспективи на државата – рече премиерот Заев на средбата.

Денеска се предвидени првите конкретни активности поврзани со 72. Генерално собрание на ОН.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik