Во Скопје ќе се соберат 150 бизнис-лидери од Југоисточна Европа на „Самит 100“

Bez autora
Oct 11 2017

По успешната траекторија преку Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, оваа година „Самит 100“ се сели јужно, во реномираниот хотел „Мериот“ во Скопје, каде што на едно место ќе се соберат околу 150 еминентни бизнис-лидери од регион на Југоисточна Европа, чии примарни цели се да изнајдат конкретни идеи, проекти и предлози за подобрување на поврзаноста во регионот од сите економски и општествени аспекти. Основан во 2011, „Самит 100“ е уникатна бизнис-иницијатива која на едно место ги собира клучните бизнис-лидери од регионот на ЈИЕ, со цел да ја поттикне бизнис-заедницата од целиот регион да преземе одговорност за бизнис и економска интеграција, а преку тоа и да ја подобри конкурентноста на националните и регионалните економии и обезбеди подобар квалитет на живот за сите граѓани од овој дел на Европа.

Во Скопје ќе се соберат 150 бизнис-лидери од Југоисточна Европа на „Самит 100“По успешната траекторија преку Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, оваа година „Самит 100“ се сели јужно, во реномираниот хотел „Мериот“ во Скопје, каде што на едно место ќе се соберат околу 150 еминентни бизнис-лидери од регион на Југоисточна Европа, чии примарни цели се да изнајдат конкретни идеи, проекти и предлози за подобрување на поврзаноста во регионот од сите економски и општествени аспекти.

Основан во 2011, „Самит 100“ е уникатна бизнис-иницијатива која на едно место ги собира клучните бизнис-лидери од регионот на ЈИЕ, со цел да ја поттикне бизнис-заедницата од целиот регион да преземе одговорност за бизнис и економска интеграција, а преку тоа и да ја подобри конкурентноста на националните и регионалните економии и обезбеди подобар квалитет на живот за сите граѓани од овој дел на Европа.

За време на минатите настани, „Самит 100“ процени дека во регионот на ЈИЕ се потребни инвестиции и подобрувања во повеќе области, како инфраструктура, транспорт, енергетика, дигитализација, брендирање на регионот, подобрување на мобилноста на работната сила, слободно движење на стоки и услуги итн.

Во согласност со овие заклучоци, клучниот збор на овогодинешното издание на САМИТ100 ќе биде „CONNECTIVITY“ („Поврзување“), а главен гостин ќе биде еврокомесарот за транспорт, Виолета Булц.

На овогодинешниот САМИТ100 ќе бидат присутни реномирани претставници од бизнис секторот, како БМВ, АСА Груп, Хидриа, Горење, Алкалоид АД Скопје, Атлас Корпорација итн., како и претставници од реномирани интернационални институции како Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), Европската инвестициона банка (ЕИБ), Светската банка и многу други.

Целта на иницијативата „Самит 100“ е да се позиционира регионалната соработка високо на агендата на секоја влада во регионот, поттикнувајќи специфични прашања и целејќи да постигне „Нов договор за новата ера“ кој ќе ја подобри конкурентноста на националните економии и ќе го зајакне потенцијалот на Југоисточна Европа.

„Самит 100“ прерасна во силен бренд на регионална бизнис-соработка и важна платформа за размена на идеи и поттикнување на програми за развој преку кои регионот на ЈИЕ доаѓа чекор поблиску до силна бизнис заедница, која генерира висок економски раст и креира подобар квалитет на живот за сите луѓе од Југоисточна Европа. Неговата визија е преку конструктивна соработка регионот на ЈИЕ да стане еден од најиновативните и најконкурентни во светот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik