Владата донесе пакет-одлуки за земјоделците

Bez autora
Nov 20 2017

На вчерашната седницата Владата донесе неколку одлуки за секторот земјоделство. Владата донесе одлука за исплата на дополнителна субвенција од два денара за килограм предадено грозје од реколтата 2017 во македонски регистрирани винарски визби и остварено производство на грозје за сопствените потреби на визбите. За оваа дополнителна субвенција барањата ќе може лозарите да ги поднесуваат до 25 декември.Владата донесе одлука за дополнителна субвенција од 18.000 за хектар засеана површина со ориз. Барањата за оваа субвенција се веќе поднесени и е во тек нивната обработка од страна на Платежната агенција. Владата донесе одлука за исплата на отштетите на сточарите што претрпеа штети од загубата на животни поради болеста јазлеста кожа.

Владата донесе пакет-одлуки за земјоделцитеНа вчерашната седницата Владата донесе неколку одлуки за секторот земјоделство.Владата донесе одлука за исплата на дополнителна субвенција од два денара за килограм предадено грозје од реколтата 2017 во македонски регистрирани винарски визби и остварено производство на грозје за сопствените потреби на визбите.

За оваа дополнителна субвенција барањата ќе може лозарите да ги поднесуваат до 25 декември.

Владата донесе одлука за дополнителна субвенција од 18.000 за хектар засеана површина со ориз. Барањата за оваа субвенција се веќе поднесени и е во тек нивната обработка од страна на Платежната агенција.

Владата донесе одлука за исплата на отштетите на сточарите што претрпеа штети од загубата на животни поради болеста јазлеста кожа. Износот за исплата е над 15 милиони денари за 242 сточари.

Исплатата ќе почне веднаш кога Платежната агенција ќе ги подготви решенијата, односно крајот на овој месец и почетокот на следниот. Отштетата ќе виде 100 проценти од проценетата вредност на пцовисаното животни.

Преку измени на Програмата за рурален развој Владата ја усвои програмата за изменување на Програмата за рурален развој, со што се обезбедија средства за комплетна исплата на неповратни 10.000 евра за мерката млад земјоделец за оние што аплицираа и ги исполнија условите.

Оваа мерка е значајна за модернизирање на земјоделството, за руралниот развој, како и за спречување на миграцијата село-град.

Исто така, со измените се обезбедија дополнителни 58 милиони денари за подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, како и на руралната инфраструктура.

Со цел обезбедување стручни советодавни услуги за земјоделците, Владата ја усвои Програмата за капитални трансфери за невладини организации во областа на земјоделството и руралниот развој, која е во склоп на Програмата за рурален развој на МЗШВ, со која се обезбедуваат 30 милиони денари за апликативни проекти за поддршка во процесот на земјоделското производство, подобрување на човечките ресурси во и пренос на знаењето за подобра искористеност на програмите од областа на земјоделството и руралниот развој.

На овој начин ќе се подобрат советодавните услуги за земјоделците, особено во делот за аплицирање и користење на мерките за директна поддршка во земјоделството, како и за парите од ИПАРД-програмата.

Во делот на рибарството Владата донесе одлука за продолжување на рокот за достава на барање за финансиска поддршка на апликативни проекти, кои ќе овозможат развој на нови пазари и промотивни кампањи. Дополнителниот рок е во периодот од 1.12 до 10.12.2017, а исплатата ќе биде до 25.12.2017. Со оваа измена се овозможува реализација на 1,5 милион денари во областа на рибарството и аквакултура.

Од МЗШВ велат дека реализацијата на мерката за т.н. евтина зелена нафта ќе се спроведе преку измени на Законот за земјоделството и руралниот развој. „Во Владата има консензус за носење на оваа мерка, која е ветена и во програмата на Владата.

Во буџетот на МЗШВ има пари за реализација на поддршката за набавка на гориво за земјоделска механизација и Владата ќе ја реализира оваа мерка во 2018 година. Сега во завршна фаза се анализите за трошоците за секоја земјоделска култура затоа што тие се разликуват од едно до друго земјоделско стопанство, а исто така се разработуваат и модаталитетите за нејзина имплементација.

Оваа мерка е значајна за земјоделците затоа што ќе придонесе за намалување на трошоците во земјоделското производство“, велат од Министерството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik