Турски ИКТ компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Bez autora
Nov 21 2017

Турски ИКТ компании и производители на мебел се заинтересирани за производство во Македонија кое би се извезувало во ЕУ. Интересот следи по учеството на саемот во градот Коџаели, што се одржа на 2 и 3 ноемвир, во организација на Стопанската комора на Македонија Турција. Во Скопје, пак, денеска доаѓа делегација од Кајсери, Турција, која ќе ги скенира бизнис климата и можностите за инвестиции и деловна соработка. Делегацијата ја предводи валијата Сулејман Камчи, а во неа, освен претставници на градот, се и бизнисмени од областа на туризмот кои ја промовираат Кападокиа и развиваат зимски туризам.

Турски ИКТ компании заинтересирани за инвестирање во МакедонијаТурски ИКТ компании и производители на мебел се заинтересирани за производство во Македонија кое би се извезувало во ЕУ. Интересот следи по учеството на саемот во градот Коџаели, што се одржа на 2 и 3 ноемвир, во организација на Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО).

Во Скопје, пак, денеска доаѓа делегација од Кајсери, Турција, која ќе ги скенира бизнис климата и можностите за инвестиции и деловна соработка. Делегацијата ја предводи валијата Сулејман Камчи, а во неа, освен претставници на градот, се и бизнисмени од областа на туризмот кои ја промовираат Кападокиа и развиваат зимски туризам.

Во градот се развиени и земјоделството, производството на мебел, дрвната и прехранбената индустрија (Улкер е најпознат бренд), градежништвото, транспортот, туризмот (Кападокија, зимски туризам), а економијата се базира главно на странски инвестиции и глобални пазари.

Извозот на мебел од Кајсери надминува една милијарда американски долари годишно. Овој град со 1,2 милиона жители има 3.500 фабрики кои вработуваат 40.000 работници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik