Во земјата годинава ќе бидат изградени 80 километри гасовод

Bez autora
Jan 16 2018

Во земјата годинава ќе бидат изградени 80 километри гасовод, што е најмногу досега, а за тоа веќе се обезбедени околу 40 милини евра во буџетот. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, по денешната работна средба со директорот на Македонските енергетски ресурси, Благојче Котевски, рече дека гасификацијата е еден од врвните приоритети на Владата и затоа интензивно се работи за изнаоѓање начини цевките од гасоводот да стигнат до сите општини.

Во земјата годинава ќе бидат изградени 80 километри гасоводВо земјата годинава ќе бидат изградени 80 километри гасовод, што е најмногу досега, а за тоа веќе се обезбедени околу 40 милини евра во буџетот.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, по денешната работна средба со директорот на Македонските енергетски ресурси (МЕР), Благојче Котевски, рече дека гасификацијата е еден од врвните приоритети на Владата и затоа интензивно се работи за изнаоѓање начини цевките од гасоводот да стигнат до сите општини.

„Ќе им се јавиме на сите општини и на сите градоначалници каде што поминува националната траса за гасификација. Ќе ги интензивираме односите и ќе ѝ помогнеме на секоја општина да ги започне процесите за гасификација“, изјави Благојче Котески, извршен директор на Македонските енергетски ресурси.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik