Албанските бизнисмени заинтересирани да инвестираат во македонскиот туризам, енергетика и минерални суровини

Bez autora
Jan 21 2018

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска оствари работен состанок со бизнис-делегација од американската трговска и индустриска комора во Албанија, предводена од нејзиниот претседател Марк Крафорд. Бизнис-делегацијата, која во текот на дводневната посета на Република Македонија оствари средби со претставници на повеќе институции, при разговорот со министерот Бектеши покажа интерес за можностите што ги нуди нашата држава за странски инвеститори, како и за воспоставување нови и интензивирање на постојните бизнис-релации меѓу компаниите од двете држави. Министерот Бектеши ги информираше за поволностите што ги нуди владата за странските инвеститори во и надвор од технолошко-индустриските зони.

Албанските бизнисмени заинтересирани да инвестираат во македонскиот туризам, енергетика и минерални суровиниМинистерот за економија, Крешник Бектеши, денеска оствари работен состанок со бизнис-делегација од американската трговска и индустриска комора во Албанија, предводена од нејзиниот претседател Марк Крафорд.

Бизнис-делегацијата, која во текот на дводневната посета на Република Македонија оствари средби со претставници на повеќе институции, при разговорот со министерот Бектеши покажа интерес за можностите што ги нуди нашата држава за странски инвеститори, како и за воспоставување нови и интензивирање на постојните бизнис-релации меѓу компаниите од двете држави.

Министерот Бектеши ги информираше за поволностите што ги нуди владата за странските инвеститори во и надвор од технолошко-индустриските зони. Според министерот Бектеши, доказ дека условите се одлични е и присуството на голем број компании од САД и Албанија во Република Македонија, додавајќи дека е неопходно да работиме заеднички на зајакнување на соработката како помеѓу компаниите, така и помеѓу институциите од двете држави.

Тој ги информираше бизнисмените дека Република Македонија има доставено официјално барање за заедничка царинска управа на двете држави на еден од граничните премини, како и потребата за меѓусебно признавање на фитосанитарните сертификати од двете земји, со цел олеснување на трговијата.

Бизнисмените од американската трговска и индустриска комора во Албанија изразија интерес за инвестирање во повеќе области, како што се туризмот, енергетиката и минералните суровини, а од страна на министерот Бектеши им беа ветени отворени врати за административно-техничка поддршка согласно со постојната регулатива и процедурите за отворање бизнис.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik