Претставници на Светската банка заинтересирани за развој на пазарот на соларна енергија во Македонија

Bez autora
Sep 19 2018

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Скопје се сретна со претставници на групацијата одговорна за енергетика при Светската банка, со кои разговараше за поддршката што Македонија ја добива од оваа групација во своите напори за одржлив развој и енергетски потенцијал, пополнување на недостигот на електрична енергија и зголемување на домашната побарувачка, како и можностите за зголемување на извозот на електрична енергија на пазарите на Западен Балкан и пошироко. На средбата, информираат од Кабинетот на Бектеши, се разговараше за конкретни енергетски проекти во земјата и рехабилитација на постојните енергетски капацитети. Друга област од потенцијален интерес за претставниците на Светската банка беше развојот на пазарите на соларната енергија. Тие изразија подготвеност да ѝ помогнат на Владата да ги мобилизира инвестициите на приватниот сектор на соларниот пазар со конкурентни стапки, како што тоа го спровеле во други земји.

Претставници на Светската банка заинтересирани за развој на пазарот на соларна енергија во МакедонијаМинистерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Скопје се сретна со претставници на групацијата одговорна за енергетика при Светската банка, со кои разговараше за поддршката што Македонија ја добива од оваа групација во своите напори за одржлив развој и енергетски потенцијал, пополнување на недостигот на електрична енергија и зголемување на домашната побарувачка, како и можностите за зголемување на извозот на електрична енергија на пазарите на Западен Балкан и пошироко.

На средбата, информираат од Кабинетот на Бектеши, се разговараше за конкретни енергетски проекти во земјата и рехабилитација на постојните енергетски капацитети.

Друга област од потенцијален интерес за претставниците на Светската банка беше развојот на пазарите на соларната енергија. Тие изразија подготвеност да ѝ помогнат на Владата да ги мобилизира инвестициите на приватниот сектор на соларниот пазар со конкурентни стапки, како што тоа го спровеле во други земји.

Министерот Бетеши информира за најновите случувања во политиката и економијата во земјата и можностите за инвестирање во разни сфери изразувајќи длабока благодарност за нивната подготвеност да ѝ помогнат на Македонија преку енергетскиот сектор при Министерството за економија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik