Просечната плата во ноември 2018 е поголема за 5,8 отсто и изнесува 24.584 денари, растот на платите дополнително ќе се интензивира, соопшти Социјалдемократскиот сојз на Македонија. Продолжува трендот на раст на платите, велат од СДСМ и оценуваат дека тоа е уште еден показател дека економијата е стабилизирана и поставена на здрави основи. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во ноември 2018 година изнесува 24.584 денари, што е за 5.8 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2017 година. Ваквиот тренд на раст на платите ќе продолжи и натаму и дополнително ќе се интензивира.
Просечната плата во ноември 2018 е поголема за 5,8 отсто и изнесува 24.584 денари, растот на платите дополнително ќе се интензивира, соопшти Социјалдемократскиот сојз на Македонија.
Продолжува трендот на раст на платите, велат од СДСМ и оценуваат дека тоа е уште еден показател дека економијата е стабилизирана и поставена на здрави основи.
„Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во ноември 2018 година изнесува 24.584 денари, што е за 5.8 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2017 година. Во апсолутен износ, просечната плата во ноември 2018 е поголема за 1.352 денари во однос на ноември 2017 година. Ваквиот тренд на раст на платите ќе продолжи и натаму и дополнително ќе се интензивира. За оваа година, предвидено е уште едно зголемување на минималната плата, што дополнително ќе ја отвори спиралата на раст на платите“, наведе СДСМ во соопштението.
Владејачката партија додава дека во буџетот за 2019 предвидено е зголемување на платите во сите сектори, а преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.
СДСМ потсетува дека крајна цел на нивната партија е преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 500 евра.