Исплатени 5,5 милиони евра за субвенции за одржување овошни насади

Bez autora
Mar 14 2019

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој им исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување овошни насади на 9.146 земјоделци. Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболка, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници. Со денешната исплата на субвенциите за одржување насади со јаболка, МЗШВ заедно со Платежната агенција ги исполнува сите барања на производителите на јаболка и порано од рокот што го бараа овоштарите, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Исплатени 5,5 милиони евра за субвенции за одржување овошни насадиАгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој им исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување овошни насади на 9.146 земјоделци.

Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболка, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници.

Со денешната исплата на субвенциите за одржување насади со јаболка, МЗШВ заедно со Платежната агенција ги исполнува сите барања на производителите на јаболка и порано од рокот што го бараа овоштарите, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

„Иако на средбата со производителите на јаболка рековме дека исплатата на субвенциите ќе биде до крајот на овој месец, сепак, поради специфичната состојба во која се наоѓа оваа категорија производители, а пред сè, и поради периодот кога овоштарите треба да ги извршат агротехничките мерки во овоштарниците, како и подготовка пред нова реколта, заедно со сите вработени вложивме максимален напор во најбрз можен рок да се обработат сите апликации и субвенциите да се исплатат и пред ветениот датум“, изјави Бабовски.

Притоа посочи дека претходно беше прифатено барањето на производителите на јаболка за продолжување на мерката за дополнителни субвенции од 3 денари, која се продолжува до 30 јуни годинава. Со оваа одлука се очекува да се откупат до 30.000 тона јаболка, што се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.

„Ќе го исполниме и барањето на производителите на јаболка во однос на исплатата на оваа дополнителна поддршка од 3 денари, односно ќе биде исплатена како што бараат до 30 јуни. Во новата програма за директни плаќања 2019, во согласност со препораките на Европската Унија дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка е трансформирана во субвенцијата од површина. И оваа година во новата програма субвенциите за одржување насади се зголемени, и тоа од 39.000 денари за хектар на 50.000 денари, со тоа што овоштарите имаат дополнителни и 15 отсто за подрачја со огранични можности над 700 метри надморска височина и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари за хектар“, изјави Бабовски.

Директорот на Платежната агенција потенцира дека заеднички со МЗШВ континуирано се работи на создавање поволни услови за развој на земјоделството и создавање производи со додадена вредност.

Заклучно со денешната исплата на субвенциите за овошни насади, од почетокот на годината досега се исплатени 40,5 милиони евра за субвенции за полјоделство, за раноградинарство, за лозарство, за сточарство. Воедно, Бабовски информира дека со оглед на тоа што завршува откупот на тутунот, штом завршат сите административни процедури во врска со контролите, ќе следува и исплатата на субвенциите за производителите на тутун.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik