pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.7999
USD 106.2505
CHF 108.3417
GBP 128.8416
CAD 79.821
HRK 15.9433
BAM 60.2301
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
23.05.2019.Makfax Macedonia

ССК до Владата достави 78 економски мерки за подобрување на работењето на компаниите

ССК до Владата достави 78 економски мерки за подобрување на работењето на компаниитеСојузот на стопанските комори на Македонија (ССК) на традиционалниот деловен појадок со претседателот на Владата достави пакет од 78 мерки во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата.

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, претседателот на Владата, Зоран Заев, и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, во присуство на деловната заедница, дипломатскиот кор, ресорни министри, претседатели на комори, во своите официјални обраќања jа истакнаа важноста од активно вклучување на Сојузот, во креирање политики за создавање подобри услови за деловната заедница со континуирано јакнење на јавно-приватниот дијалог, а со тоа и на влијанието за раст и развој на националната економија.

Пораката што деловната заедница ја упатува со економските мерки на годинешниот деловен појадок сублимирано е да се спроведе сериозна борба со сивата економија, да се елиминираат големиот број парафискални давачки што го оптоваруваат стопанството, да се создадат стабилни услови за водење бизнис за да се охрабрат претпримачите и граѓаните да инвестираат и да работат во приватниот сектор, кој треба да биде двигател на економскиот раст во земјата, рече Арсовска во своето обраќање.

„Сојузот подготви пакет од 78 економски мерки што се однесуваат на измена на законската регулатива,  административните бариери и парафискалните давачки, кои се голем предизвик во секојдневието на приватниот сектор, неопходност од дигитализација, поддршка на компаниите во надворешната и внатрешната трговија, индустријата и градежништвото. Секоја од предложените мерки е утврдена во согласност со истакнати реални предизвици со кои се соочуваат компаниите, а врз основа на соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства во областа“, изјави Арсовска и доби ветување од претседателот и заменик-претседателот на Владата дека сериозно ќе се пристапи кон нив и сооодветно ќе реагира со точно утврдени рокови за реализација.

Во своето обраќање претседателот на Владата, Заев, упати апел до компаниите оваа година да ги искористат сите можности понудени преку планот за економски раст и Законот за државната помош за што годинава од буџетот се издвоени 70 милиони евра за поддршка и за развој на приватниот сектор и за домашните и странските компании. Тој додаде дека и оваа година со измените на законот ги олесниле критериумите, со тоа што и трговските компании, кои реализираат производство стануваат корисници, исто така и компаниите од ИТ-индустријата, како и компаниите од преработувачката индустрија од земјоделството, мерки што биле предлози и од Сојузот.

Заменик-претседателот на Владата, Анѓушев, ги информира присутните за досегашните резултати од реформите, странските инвестиции, кои веќе почнаа со инвестицискиот процес, новата чешка инвестиција, планираниот тендер за изградба на фотоволтаици, како и новите мерки за стучно усовршување на кадарот.

На деловниот појадок претседателството на Сојузот ги елаборира економските мерки што треба да се преземат за подобрување на деловниот амбиент. Сојузот на стопанските комори е познат по своите значајни достигнувања во креирањето економски мерки базирани на анализи на предизвиците и конкретни предлози за нивно надминување, мерки што во изминатите години имаa и до 80 отсто реализација.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share